Синергија

Синергија (гр. συνεργεια, соработка) е одговорот од верниот на повикот на Светиот Дух, таинствената и слободна соработка на Божјата благодат и човековата волја. Спасението е синергиско дело: „Зашто, никаква корист нема човекот без помош од горе, но ни од помошта од горе, оној што не ја прима слободно. Обете ни се потребни: и божјото и човековото дејствување (Петар Дамаскин, Духовни поуки, I).

Од една страна, Бог е слободен во Својот однос со човекот, Неговата благодат не е е потчинета на односот, не може да стане човеков посед; од друга страна, човековата волја или човековата природна моќ не е способна самата по себе да ја стекне благодатта, но таа тежнее по Бога и способна е да саработува со благодатта, „…зашто Бог им се противи на гордите, а на смирените им дава благодат” (1.Петр. 5,5). Синергијата е исход од двете волји, од волјите на двете природи: божествената и човековата, складност на двете енергии кои тежнеат кон иста цел и смисла – спасението, т.е. највисокото приближување на човековата природа кон божествената природа.

Начелото што ја покренува синергијата е божествената благодат, која не е човекова заслуга, туку се добива на дар. Во таа смисла, синергијата е евхаристиско или благодарно дело, дело на постојано поттикнување на божествената љубов. Светиот Дух, значи, не ја освојува присилно наклоноста на човековата волја. „Зашто, Духот не ја не раѓа наклоноста на на волјата без волјата, туку посакуваното го вообличува до обожение” (Св. Максим Исповедник, Одговори на Таласиј, 6). Напротив, синергијата ја афирмира личната слобода, постојаниот одговорен волев подвиг: „Крштението не ни ја одзема слободата на волјата и моќта самите да се определиме; тоа токму ни ја дарува слободата, повеќе со нас присилно да не господари ѓаволот или без наша согласност. Затоа, по крштението; од нас зависи да ли доброволно ќе ги исполнуваме Христовите заповеди, заповедите на нашиот Господ во Кој се крстивме, и да одиме по патот што Toj го заповедал, или ќе свртиме од тој прав пат, враќајќи се на своите зли дела на нашиот противник и непријател – ѓаволот.” (св. Симеон Нов Богослов).

Големите Отци на православната духовност истакнале дека соработката со Светиот Дух не е просто етичко дејствување, туку е потполно прилепување до Бога, непосредно учествување во божествениот живот, облекување на Христовиот лик. „Оној што не го облекол ликот на нашиот Господ Исус Христос, небесниот човек и Бог, преку разумниот и умен човек, свесно со добро чувствување, сè уште е крв и месо. Тој не може да го прими искуството на духовната слава преку збор (разум), како што ни слепородениот не може да ја познае само преку збор (разум) светлината на сонцето.” (св. Симеон Нов Богослов).

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s