За најдобар христијански филм оваа година е избран „Моя любовь” на Александар Петров

Жирито на XII Меѓународен фестивал на православни кино-, теле- и радиопрограми „Радоњеж” за најдобар христијански филм за 2007 година, го избра филмот „Моя любовь” на Александар Петров.

Получасовната анимација „Моя любовь” е производство на Првиот канал, а снимена е според романот „История любовная” oд Иван Шмелев. Како и претходното дело на А.Петров – филмот „Старик и море” – новиот е изработен во необична техника „сликање на стакло”.

„Филмот на Петров, како и романот на Шмелев, е посветен на темата на момчешката љубов, и тоа е особено важно во денешно време, когда најниските блудни пројави се предмет на најактивна комерцијална експлоатација. Важно е да се покаже, колкава височина и чистота може да достигне чувството на вљубеност на луѓето кои се воспитани во христијанска средина. Овој филм, безусловно, треба да го видат родителите, загрижени за иднината на своите деца”, – смета претседателот на фестивалот Евгениј Никифоров.

Меѓународниот фестивал на православни кино-, теле- и радиопрограми „Радоњеж” се одржува еднаш годишно од 1995 г. со благослов на Патријархот Московски на цела Русија Алексиј II. Порано во номинациите за „најдобар христијански филм на годината” на фестивалот победиле филмовите „Passions”, „Спас под березами”, „Остров”. (Интерфакс)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s