Москва, 13 ноември – РИА Новости. Петтата меѓународна богословска конференција „Православното учење за црковните тајни” ќе се одржува од 13-16 ноември во Москва.
На Форумот учествуваат повеќе од сто учесници – иерарси и научници од различни земји, од Австрија, Болгарија, Велика Британија, Германија, Грција, Индија, Италија, Србија, Франција, Финска, САД.
Свети Тајни се нарекуваат свештените дејства, преку кои, според учењето на Црквата, на човекот на таинствен начин дејствува спасителната Божја сила, благодатта. Се наведуваат седум црковни Тајни: крштение, миропомазание, причестување, покајание, свештенство, брак и елеосвештение. На нив ќе им бидат посветени одделни секции на конференцијата.
Учесниците ќе го разгледуваат богословието на Тајните, како во историска перспектива (во „библиски, патрологиски, литургиски, канонски аспект”), така и од гледна точка на догматскиот систем. Особено внимание ќе им биде доделено на практичките прашања, што се однесуваат на извршувањето на Тајните и другите свештенодејства.
Треба да се обележи прекрасната информациска поддршка на конференцијата, во што може да се убедите ако го посетите сајтот на Синодалната богословска комисија. Таму ќе можете подробно да се запознаете со програмата на форумот.