Детскиот аутизам и одговорноста

На прашање за одговорноста на аутистично дете за своите постапки пред Бога, го дадов одговорот што следи. Истиот го поставувам на општа критика, за надолнување на темата за аутизмот и одговорноста.

Најголемиот и најефикасниот лек што човек на човека може да му го даде (особено во душевните болести) е љубовта исполнета со сострадание, сочувствителност. Зборовите без свесно примање се празен звук, но љубовта и без зборови продира во длабочините на секоја личност. Кога човекот го сака другиот со христовата љубов, и се однесува кон него со љубов заради Бога, другиот не може да остане незасегнат и сигурно ќе ја почувствува, па макар и свесно да не ја разбира. Но, исто така, негативно ќе ги почувствува во својата близина и неискажаната нетрпеливост и немиот протест против Бога и „судбината.”

Гревот е дело на свесна личност (па, дури и кога личноста се довела во несвесна состојба или греши „несакајќи”). Во аутизмот свеста за себе е намалена или искривена. Треба да се очекува помош и исцелување од Бога, а не осуда за аутистичниот човек/дете.

Додека аутизмот кај возрасните може да биде предизвикан од неправилен пристап кон себе и кон другите, кај децата не може да се зборува за такво нешто. Тие со ништо не ја заслужиле болеста.

Ако веќе спомнавме дека љубовта е најсилниот лек, тогаш би рекол дека оние што се сметат за здрави, блиските на аутистичното дете, треба максимално да се потрудат преку христијанското покајание да го исправат својот живот. Христијанската љубов е љубов на праведниот живот. Трпението и почитувањето / непротестирањето против Божјата волја и промисла за сè и за секого спаѓа во основните чекори на христијанкито живот.

Христијанскиот живот е незамислив без Покајание, Исповед и Света Причест. Најголемиот дар и лек што Господ Исус Христос ни го оставил нам луѓето и ни го дава на секоја света Литургија е Светото Причестување со Неговото вистинско чесно Тело и со Неговата вистинска чесна Крв (под вид на Леб и Вино).

Во Светото Евангелие постојат примери кога заради силната вера и љубов на блиските, Господ Исус Христос излекува болен (Лука гл. 5, стих 20).

Бог е дарител на животот и здравјето и на секое човеково добро. Секој човеков дар е од горе, од небесниот Отец и од Него едниот треба да се очекува одговорот на нашата молитва.

Како божји дар треба се ползува и лекарската вештина на искусните доктори кои нема да го повредат детето со невнимателен пристап, туку ќе му укажат терапија со проверени лекарски методи.

Лекарот, не го заменува свештеникот, тој само му претходи нему. Целта на православното пастирство — е спасението на душата, а на православната психотерапија — лекувањето на душата.

Свештеникот и лекарот треба да бидат— соработници на Бога во делото на душегрижништвото.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s