Анегдота

Ученикот Моше го исфрлиле од еврејско училиште заради неуспех и лошо однесување. Го запишале во друго, исто така, еврејско училиште. По неколку месеци и од таму го исфрлиле, заради истите причини. Истото се случило и во третото училиште. По некое време, во градот немало еврејска школа каде би го примиле. Конечно, Моше го преместиле да учи во христијанско училиште.

По една недела го повикале неговиот татко, и – какво изненадување – го фалат неговиот син, колку добро се однесува, се труди, учи… Таткото се враќа дома и зачуден го прашува синот:

– Моше, што се случило со тебе? Ми кажуваат дека си најдобриот ученик, си се смирил… Што ти направија?

– Види тато, првиот ден кога стигнав во тоа училиште, учителот ме однесе во една соба, ми покажа еден човек распнат на крст и рече: „Моше, погледни, тоа е Исус Христос. И тој бил Евреин.” И јас тогаш разбрав, дека таму нема шега…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s