Тропар, глас 4
Со добродетелите, како со сонцеви зраци,/ ги просвети неверните мудреци,/ и, како пресветла месечина што на оние кои во ноќ одат,/ темнината на неверието им ја тргна/ и царицата ја увери,/ наедно и мачителот го изобличи,/ богоповикана невесто, блажена Екатерино,/ со желба си отишла во Небесниот дворец/ при прекрасниот Младоженец Христос,/ и со царски венец од Него беше овенчана Пред Него, со Ангелите стоејќи,/ моли се за нас,// што твојот пречесен спомен го твориме.
Кондак, глас 2
Честниот собор Божествено, маченикољубци,/ подигнете го сега,/ почитувајќи ја семудрата Екатерина,/ бидејќи, таа во арената Христа го проповедаше и змејот го победи,// и разумот на риторите го скроти.