- За време на остриот судир меѓу Српската и Македонска православна црква рековте дека односите меѓу Белград и Скопје треба да се решаваат со братски преговори, уважувајќи ги црковните канони. Изразивте подготвеност да помогнете да се реши тој спор. Води ли РПЦ и понатаму преговори за помирување или таа работа им е оставена на претставниците на Белград и Скопје?
– Руската православна црква секогаш повикува на православното единство кое може да се зачува само ако се почитуваат канонските принципи. Во случај на православието во Македонија, ние, како и секогаш, подготвени сме да понудиме помош врз основите на светите канони на црквата. Несомнено е дека решението треба да се пронајде со дијалог, во атмосфера на љубов и заедничко разбирање, сметајќи на пастирските и духовните потреби на верните во Република Македонија. Треба да се истакне дека денес се тешки времиња за православните народи на Балканот и тие треба како никогаш до сега да бидат заедно.
- Од Скопје Ви упатија покана да ја посетите Македонија. Таму руски патријарх не бил 45 години. Имате ли намера да ја посетите Македонија или таа посета е оставена (за времето) кога ќе се воспостават врските меѓу СПЦ и МПЦ?
– Прашањето за посета на Македонија спаѓа во редот на оние што треба да се разгледаат. Не би рекол дека позитивното решение е поврзано исклучиво со регулирањето на црковените прашања во таа земја. Тој услов, сепак, е многу важен.
Целосно интервју: Вечерње Новости