До тебе, кој и да си

Koj и да си, што и да си, зборува Господ на Љубовта, мојата рака почива на тебе токму во овој момент. Со овој гест ти покажувам дека те љубам и дека те повикувам да бидеш мој.

Јас никогаш не престанав да те љубам, да ти говорам, или да те повикувам. Некогаш тоа беше во тишина и осаменост. Некогаш тоа беше таму каде што други беа собрани во Мое име.

Ти често не го слушна овој повик, бидејќи не слушаше. Понекогаш го примаше повикот, но нејасно и збунето. Понекогаш се согласуваше. И понекогаш ми одговараше без никаква задолжителност. Беше длабоко предизвикан да ме слушнеш. Ти се одврати од решението да Ме следиш.

Никогаш потоа конечно не го прифати – потполно и исклучително – повикот на Љубовта.

Сепак сега, уште еднаш, јас доаѓам кај тебе. Сакам да ти зборувам уште еднаш. Јас те сакам само за Себе. Ќе повторам: Љубовта те сака, потполно и исклучително.

Ќе ти говорам во тајност, доверливо, интимно. Ќе ја ставам мојата уста близу до твоето уво. Слушај тогаш што сакаат моите усни да ти кажат со смирен тон – што сакаат да ти шепотат?

Јас сум твојот Господ, Господ на љубовта. Сакаш ли да влезеш во животот на Љубовта?

Тоа не е област на млакост и нежност. Тоа е повик да влезеш во вжештениот оган на Љубовта.

Дури таму е вистинското преобраќање: преобраќање кон вжештената Љубов. Сакаш ли да станеш некој друг, за разлика од оној што беше? Сакаш ли да бидеш некој што живее за другите, а пред сè за Другиот и со Другиот кој сите созданија ги повикал во постоење? Сакаш ли да им бидеш брат на сите, брат на целиот свет?

Тогаш слушај што ти зборува мојата Љубов.

Чедо мое, ти никогаш не знаеше кој навистина си. Ти сè уште не се познаваш. Имено, ти никогаш не се позна како објект на мојата љубов. Заради тоа, никогаш не знаеше, кој си ти во мене или целиот потенцијал во себе.

Разбуди се од овие лоши сонови! Во определени моменти на вистината, ти не гледаше во себе ништо, освен неуспеси и порази, назадување, расипаност и, можеби, дури злостор. Но ништо од сето тоа не е навистина твое. Тоа не е твоето вистинско „јас”, не е најдлабокиот израз на твојата личност.

Под и зад сето тоа, подлабоко од целиот твој грев, моите очи се насочени кон тебе. Те гледам и те љубам. Ти си она што го љубам. Тоа не е злото што го правиш – злото, кое не можеме ни да го игноририраме, ни да го порекнеме, ни да го смалиме (црното дали всуштност е бело?). Но под сето тоа, подлабоко, гледам нешто друго што навистина сèуште е многу живо.

Маските што ги носиш можат да те скријат од очите на другите – дури и од твоите очи. Но, тие не можат да те скријат од Мене. Јас те следам дури таму, каде што никој друг никогаш не те следел.

Твојот измамнички израз, твојата горка потреба за возбуда, тврдото и лакомо срце – сето тоа јас го одделувам од тебе. Го отсекувам и го фрлам далеку од тебе.

Слушај ме. Никој вистински не те разбира. Но, јас те разбирам. Можам да кажам за тебе такви чудесни, прекрасни нешта! Можам така да кажам за тебе. Не за „тебе” кого што силите на темнината толку често го заведуваа, туку за „тебе” кој си таков каков што сакам да бидеш, „ти” каков што престојуваш во мојот ум како објект на мојата љубов. Можам да ги кажам тие нешта за „тебе” кој сè уште можеш да бидеш она што барам да бидеш и толку јасно да бидеш.

Стани вистински, таков каков што веќе си во мојот ум. Оствари го целиот потенцијал што го вложив во тебе.

Не постои маж или жена што може да оствари внатрешна убавина која подеднакво не е присутна во тебе.

Не постои божествен дар кон кој не можеш да се стремиш. Всуштност, ти можеш да ги добиеш сите тие дарови заедно, ако љубиш со Мене и во Мене.

Што и да си направил во минатото, ќе те ослободам, ќе ги отпуштам твоите долгови. И ако јас те разрешувам, кој ќе те спречи да се исправиш и да одиш?

архимандрит Лав (Gillet)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s