Мојот потпис во Равена

Како што известува Газета, владиката Иринеј Бачки тврди дека потписот го ставил на работен документ со кој СПЦ се согласува на дијалог за можно соединување на Православната Црква со Римокатолиците. Владиката, исто така, тврди дека спомнатиот документ го потпишал во согласност со одлуката на Светиот Архијерејски Синод и дека списот претставува само прв чекор, а дека вистински разговор меѓу претставниците на Православните и Римокатолиците допрва следува.

„Во Равена не одев приватно, туку со знаење на Синодот. Владиката Игњатије и јас сме претставници на СПЦ во официјалната Православна комисија, која брои триесет членови. Не сум потпишал никаков обврзувачки документ, туку работен документ кој нема практични последици“ – објасни владиката Иринеј… (Светосавље.орг)

Недозволена паралела :

„…Она што е битно за работниот документ од Ниш, и тука никој да не се прави нетокму, е фактот дека каков било конечен договор со Српската православна црква прифаќа или одбива само Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, исто како што и Соборот на Српската православна црква ги потврдува или одбива договорите на својата комисија. Инаку, зошто имаше потреба да се свика Соборот на СПЦ за да се изјасни по повод нишкиот работен документ ако за тоа одлучувавме ние на ниво на комисии? Или зошто беше потребно да се свика седница на САС на МПЦ за да се изјасни по работниот документ од Ниш?…” (Утрински весник)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s