Тропар, глас 1
На Првиот Собор се покажа поборник и чудотворец,/ богоносен Спиридоне, отче наш./ Затоа, мртовец ти од гроб повика,/ и змија во злато претвори,/ и кога пееше свети молитви,/ Ангели ти сослужуваа, свештен./ Слава на Оној што ти даде сила,/ слава на Тој што те овенча,// слава на Оној што преку тебе сите ги исцелува.
Кондак, глас 2
Од љубовта Христова ранет, свештен,/ умот го насочи со зракот на Духот,/ со твоето дејствено созерцание делувањето си го нашол, богопријатен,/ Божествен жртвенник стана,// барајќи за сите Божествено просветување.