Секoj човек има безсмртна, вечна душа и таа е тесно сврзана со неговото тело.
Психотелесната целина времено се прекинува со биологиската смрт и се востановува со воскресението на телата во Божјото царство.
Биологискиот почеток на човекот го означува неговото раѓање како психотелесна битијност со вродена можност да стане Божјо чедо (сп. Јн. 1:12). Оплодувањето, заедно со биологиската природа, му предава на човекот и постоење, битие, душа.
Душата не е поставена во телото, таа е вродена во човекот како и телото. Душата се раѓа заедно со телото.
Св. Григориј Нисаски опстојно зборува за истовременото раѓање на душата и телото: „Бидејќи човекот е едно суштество, кое се состои од душа и тело, треба да се претпостави и едно заедничко начело на неговото устројување, така што тој да не се покаже ниту постар, ниту помлад од себеси, како што би било, ако телесното е првоначелното во него, а останатото – следно… При создавањето на секој негов дел едното не се појавува пред другото, ниту душата порано од телото, ниту обратно…” (За устројувањето на човекот, ЕПЕ 5:206).
Секој зачнат човек има почеток, но нема крај. Почетокот, зачнувањето на секој човек е факт со исклучително значење за Православната Црква. Божественото предопределување и перспективата на вечното царство му даваат на мигот на зачнувањето исклучителност, која ги надминува границите на биологиската идентичност и на минливиот живот.
Од pravoslavie.bg: „Православният възглед за технологично подпомогнатото човешко възпроизвеждане”