Тропар, глас 4
Подготвувај се Витлееме,/ отвори се за сите Едеме,/ краси се, Евфрато,/ бидејќи дрвото на животот во пештера процвета од Дева:/ зашто умствен рај се покажа нејзината утроба,/ во која е Божествената градина,/ од која јадејќи, живи ќе бидеме,/ нема како Адам да умреме.// Христос се раѓа да го востанови порано паднатиот образ.
Кондак, глас 3
Дева денес предвечното Слово/ во пештера оди да го роди неизречено:/ ликувај вселено, кога ќе слушнеш,/ прославувај го со Ангелите и пастирите/ Оној што ќе се роди// Детето Младо, Предвечниот Бог.