Тропари од Часовите спроти Рождеството Христово

Ова го вели Јосиф кон Дева: / Марија, што е ова, што кај Тебе го гледам? / Во недумица сум и се чудам, и со умот се ужаснувам; / скриј се од мене бргу. / Марија, што е ова, што кај Тебе го гледам? / За честа – срам, за веселбата – тага, / наместо пофалба, укор ми донесе. / Затоа, не ги трпам веќе човечките подбивања, / зашто од иереите од Господовата Црква како непорочна Те примив, / и што гледам?

Кога Јосиф, Дево, со тага се измачуваше, / кон Витлеем одејќи, ти му велеше: / Зошто – гледајќи ме непразна – чемрееш и се збунуваш, / не познавајќи ја никако страшната тајна во мене? / Отфрли секаков страв, преславното спознавајќи го: / Бог бидејќи слегува на земјата заради милост, / во Мојата утроба сега и плот прима. / Нему кој се раѓа, видувајќи го, како што благопосака, / и, со радост штом се исполниш, поклони му се како на твојот Творец, / Кого што Ангели го пеат постојано / и го славословуваат со Отецот и Светиот Дух.

Јосифе, кажи ни: / како, онаа што од светите ја прими, / Дева непразна ја водиш во Витлеем? /Јас – рече – пророците ги испитав / и, вест откако примив од Ангел, се уверив, / дека Бога ќе го роди Марија неискажано; / Нему на поклонување мудреци од исток ќе Му дојдат, / со чесни дарови служејќи. / Тебе што заради нас се воплоти, Господи, / слава Ти.

Витлееме, подготвувај се, / благоукрасете се, јасли, / пештеро, прими: Вистината дојде. / Сенката измина, и Бог (како) човек од Дева се јави, / во облик како нас и откако ја обожи плотта. / Преку Него Адам се обновува, со Ева извикувајќи: / на земјата се покажа благоволноста да го спаси нашиот род.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s