Отецот посака, / Словото плот стана, / и Дева го роди Бога Кој се вочовечи; / ѕвездата возвестува, мудреците се поклонуваат, / пастирите се чудат, и созданието се радува.
Необработениот Грозд го израсна, таинственото Лозје, / како на гранки, во прегратките носејќи го и велеше: / Ти си Мој Плод, / Ти си Мојот Живот. / Од сега познав, дека и каква што бев, сум. / Ти си Мојот Бог: / зашто, печатот на Моето девство гледајќи го недопрен, / Те проповедам Тебе, неизменетото Слово што плот стана. / Не знам за семе, Те знам Тебе, Ослободителот од пропадливоста: / зашто, чиста сум, иако Ти помина низ Мене, / како што ме најде, ја остави Мојата утроба, запазувајќи ја цела. / Затоа, ликува целото создание, извикувајќи кон Мене: / радувај се, Благодатна.
Богородице Дево, што Спасителот го роди, / ја уништи првата Eвина клетва, / како Мајка беше на благоволноста на Oтецот, / носејќи го во утробата Божјото Слово воплотено. / Не трпи тајната испитување. / Само со вера Неа сите ја славиме, / велејќи со Тебе и зборувајќи: / Неизречен Господи, слава Ти.
(Од Утрената богослужба)