– На Вашата Светост и’ е познат спорот меѓу Србската и непризнатата Македонска Православна Црква. Се гледа ли излезот од таквата положба?
– За нас е очигледно, дека единствениот излез од тешката положба, настаната во односите меѓу Србската и непризнатата Македонска Православна Црква, е возобновувањето на братските преговори меѓу нив на основа на запазување на свештените канони на Црквата. Притоа, обете страни мора – не да бараат еднострана корист, туку – да дејствуваат поаѓајќи од заедничкото добро за Црквата, пројавувајќи максимум трпение и чувствителнност за да се сослушаат и подобро да се разберат еден со друг. Токму на тој начин ние неодамна го постигнавме восстановувањето на единството со Руската Задгранична Црква, до што не дојдовме веднаш, туку постепено, трпеливо, во духот на братската љубов разрешувајќи ги противречностите и недоумиците, кои се беа насобрале во текот на многуте години на разделбата. Потпирајќи се на тоа искуство, Руската Православна Црква е подготовена секако да содејствува на дијалогот за решавање на македонското прашање, не откажувајќи да понуди помош, ако таа е неопходна.