Христијанството и Државата

Христијанството живеело во различни општествени поредоци. Неговиот почеток е во Римската империја, преку нејзиниот историски продолжеток Византија, преку средновековните и нововековните општествени уредувања, до денешните демократии… Ова ни покажува дека Црквата не е суштински врзана за никаква форма на општествен поредок, односно дека секој од нив повеќе или помалку ѝ одговара. Црквата може да живее во секакви историски околности, затоа што всушност не е човечка установа и човек не може да ја уништи. Најјасни докази за тоа се залудните обиди на атеистичките кампањи во претходните комунистичките општества. Црквата е во овој свет, но не е од овој свет, според Христовите зборови: „Моето Царство не е од овој свет.”

Во овој свет и век христијанството го демнат воглавно две историски соблазни: римокатоличкиот папоцезаризам и „православниот” цезаропапизам. Папоцезаризмот – кој му придава и државно значење на папата и цезаропапизмот – кој го наградува со црковна важност државниот владетел. Тоа во основа се двата погрешни облика на идентификација на Царството Божјо со Царството на овој свет. Царството Христово никогаш не ќе може да завладее на земјата, на начин како што тоа го замислувал папоцезаризмот, залагајќи се да ја потчини државата, со што папата би бил владетел на едно совршено општество (societas perfeta).

Од друга страна и во основата на цезаропапизмот, (во учењето за божествениот происход на владетелот) лежи една антибиблиска концепција на власта; дека појавите во овој свет се израз на небесните процеси, а владетелот, според тоа е инкарнација на Бога во светот. Во овој случај тиранијата на властодршците би можела да се оправдува како продукт на небесната тиранија. Колку ли диктатори своите злосторства ги правеле во Христово име? Новозаветното гледање на власта е антиномично. Црквата стои во светот во својата емпириска форма, но според својата духовна содржина, таа е надвор од него. Тоа што св. Ап. Павле вели: „Секоја власт е од Бога”, може да се разбере и како: ниедна власт на земјата не е од Бога, бидејќи не може сосем да се поистовети со Божјата власт.

Засега, само личноста може да живее според законите на Божјото Царство и тоа само во црковната заедница, а не како христијанин – индивидуалец. И покрај определни периоди на воспоставена државно-црковна симфонија, на христијанството не му е дадено долговечно да се етаблира во светот како државотворна религија, зашто тоа е вечно, а на светот му претстои уште еднаш да го пречека Седржителот, само овој пат во слава и како Судија. Дури тогаш Тој ќе биде „Сè во сè.”

Црквата е актуелна за овој свет со тоа што е отворена за него. Само служејќи му на Христа, Црквата е актуелна за светот, бидејќи само со Христовата светост, благост, кротост и само со Неговиот мир и со Неговата љубов, Црквата може да му биде сол на светот, односно конзерванс што ќе го чува од распаѓање.

Истакнувајќи ја важноста од запазувањето на христијанските традиции во современиот либерален свет, епископот Виенски и Австриски г. Иларион во неговиот неодамнешен говор, рече: „христијаните се силни само тогаш, кога ги следат Христовите завети, а не кога започнуваат да го градат својот живот според законите на секуларниот/обезсветениот свет.”

3 thoughts on “Христијанството и Државата

  1. Многу убаво кажано. Токму деновиве размилував за овие прашања. Крајно соблазнителна е романтичарската помисла за „христијанските држави“ од минатото. Токму таквата помисла ја предизвикува неприродната за христијанскиот ум одбивност кон современото демократско политичко уредување – пропратена со еуфорична приврзаност кон секој вид на ретро-национал-религиозни идеологии својствени за минатите 2-3 века. Типичен пример за тоа се завчерашните председателски избори во Србија. Национално-религиозниот елемент беше доминантен во предизборната реторика на десничарскиот кандидат. Потресно е колку многу гласови тој спечали просто благодарение на ваквиот стил. Православието ниту може да се поистовети со некое конкретно поличитко течение или уредување, ниту смее да се користи (злоупотребува) како реторичка мамка за привлеквуање на гласачите. Христијанинот следува да се издигне над левите или десните идеологии на овој свет – по што навистина ќе може да се нарече „сол на светот“.

  2. Секоја власт е од Бога. Како што велиме и за болеста и за секоја неприлика, незгода или неволја…

  3. Се разбираме. Она што е од Бога е „или според Божјата добра волја, или како допуштено. Според Божјата добра волја произлегува она што е неспорно — добро. Според допуштањето пак — она, што не е неспорно добро. (Св. Иоанн Дамаскин:
    Точное изложение православной веры, Книга 2, Глава 29. О Промышлении.)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s