Архимандрит Софрониј (Сахаров): Христа не давајте Го за ништо

Нека е благословено Името Господово од сега и до вековите! Господ рече, како Своја заповед: „Љубете Ме и во таа љубов чувајте ги Моите заповеди” (сп. Јн. 14,23).

Преку чувањето на заповедите ние стекнуваме навика, се навикнуваме да живееме во постојано паметење на Христа: на Неговиот живот, Неговиот пример, Неговите заповеди. Ве молам, значи, драги браќа и сестри, примете ги лесно и со мир овие зборови, не како мои зборови, туку како одговор на оној повик со кој Господ нè повикува… He мислам дека телесната смрт може за нас да биде разделба. He! Mojaта смрт е, според мислењето на лекарите, и бездруго готова работа. Ми даваат само уште неколку денови… Правеа грешки до сега, можеби грешат и сега. Нашето дело, нашиот подвиг сега е во тоа, да ги надминеме границите на времето и материјата, материјата на нашето тело, за да останеме заедно и по моето заминување. И тоа не е затоа што сум нешто „посебно”. Но, Духот вака ми говори во моето срце. Јас сум грешен човек. Не ја исполнив заповедта на Живиот Бог, затоа што таа заповед го опфаќа целиот свет, и сè што постои надвор од времето и надвор од просторот. Господ на Тајната Вечера рекол: „Јас живеам и вие ќе живеете” (Јн. 14,19)…

На нашиот возљубен духовен отец Силуан, Бог му се откри без зборови во видение на почетокот од монашкиот подвиг. Продолжете да го трпете нашиот неверојатен труд, кој за сите нас не е можен без Христа. Нашиот пат е да го предадеме својот живот заради животот на другите. И нема поголема љубов од таа кога човековата душа е подготвена да умре за доброто на ближниот. Господ рекол дека „нема поголема љубов од таквата љубов” (Јн. 15,13). Си дозволувам вака да зборувам бидејќи покажавте подготвеност да престојувате во зборовите и во соединувањето на нашиот ум и нашето срце… Бидете спокојни во своето срце: и кога сум со вас, и кога ќе заминам од вас, нема да се раздвоиме… Истрпете го овој живот! Тој е создаден на чуден начин – како во него да нема ништо особено. Но, навистина постои нешто највозвишено и најголемо – Љубовта на Отецот, Љубовта на Синот, Љубовта на Светиот Дух со нас. Молејќи се за секого од вас по име, јас сум, секако, сврзан со секого од вас со оние врски за кои може да се говори како за врски на Божјото Царство – со врските на вечната непоколеблива љубов во вечните векови. И тоа е тешко прифатливо за нас. Апостолите за тоа говореле со многу поголема смелост, отколку што ние тоа можеме да си дозволиме на себе. Но и она малку што го постигнавме, сепак, е дејство на Самиот Бог, како и што велат архијереите на службата: „И утврди го ова лозје, што го насади Твојата десница!”. Ја сум во безизлезна положба – и самиот сум нетрпелив, иако својот живот го посветив на служење на другите. Колку само денови и ноќи поминав со Бога на молитва! Но, може ли таа молитва воопшто да се нарече молитва, кога таа не е ништо друго освен „скрцање со заби”?

Затоа, драгоцени мои браќа и сестри, на крајот од својот пат ви велам: во љубовта своја кон Христа бидете непоколебливи! Секоја недоумица и секое своје страдање поднесувајте го живеејќи во Христа. Многу се патиштата кон „Апсолутното” во животот на човековиот род, но нема ништо што би можело да се спореди со Христа. Затоа, не отстапувајте од Христа без оглед на сите тешкотии. Ако Господ  ни даде да умреме, ќе умреме со свест за Неговата љубов која Го искачи на Крстот. Се надевам дека во нас вистински ќе дејствуваат Христовите зборови: „Бидејќи Јас живеам и вие ќе живеете (Јн. 14,19). Секој Христов збор е самата Божествена Вечност. Христа не давајте Го за ништо друго! Тој нека биде едниот Цар на нашето срце, со Отецот и Светиот Дух. Да се верува во Христа – тоа е стварниот живот, животот на Самиот Христос. Како што Христос страдаше за секое создание и за целиот свет, така и ние ќе се молиме на Бога. И во тешките мигови да нуркаме во гетсиманискиот плач. И во нас ќе се случува по плачот сличен на гетсиманискиот плач, кога ќе нè допре Вечниот Дух, ние да живеме вистинито. Тогаш започнува нашиот бесмртен живот и тогаш нам Апсолутниот Бог ни се јавува во сосем друга светлина. Нашата христијанска вера е крајно совршенство и никој нека не нè одвои од Христовата Љубов, како што и Павле говореше (Рим. 8,39). Сега ги изговорив овие зборови независно од апостолот Павле. Но, ете, ние говориме со истиот јазик и за истиот живот како Апостолите и сите Свети, сведоци на Христовото Божество…

Го молам Бога да ни даде зборови, и зборовите надоаѓаат, и би сакал да го изберам она што, по својата природа, е Вечниот Живот: кога ќе почнеме, како Христос, да страдаме за целото создание, тогаш ние во Христа и со Христа го живееме Вечниот Живот. Ви благодарам што ги сослушавте моите зборови. Заминувам уверен дека Господ секого од вас го довел (овде) со Своја рака. И не е лесен нашиот живот. Кој не го знае животот, тој не ја знае Христовата болка. Денес ќе го завршам разговорот со вас со три зборови:

  • Да се предаде својот живот за да живеат другите;
  • да се утешуваат сите кои доаѓаат, сиромашните, кои немаат други утешители во овој свет;
  • и тако, служејќи му на Бога во Неговото (служење) на нашите страдални браќа и сестри, ќе се соединиме во таа љубов со Самиот Христос засекогаш…

Благословот Господов на вас, браќа мои и сестри.

Од прошталната беседа на старец Софрониј (Сахаров), 08 април 1993.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s