Исповедание на правата вера

НА НАЈСВЕТИОТ МИТРОПОЛИТ ЕФЕСКИ, КИР МАРКО ЕВГЕНИК, ИСПОВЕДАНИЕ НА ПРАВАТА ВЕРА, ИЗЛОЖЕНО НА СОБОРОТ, ОДРЖАН СО ЛАТИНИТЕ ВО ФЛОРЕНЦИЈА.

stmarkofephesus1.jpg

Тропар на Марко,
архиепископ Ефески

На Православието наставнику, против новотариите борецу, /
степен на верата, на Црквата светилнику, /
на учителите Боговдахновен печату, Марко семудар, /
со твоите написи сите ги просвети, свирало духовно, /
моли го Христа Бога да се спасат нашите души.

1. По благодатта Божја, поучен со благочестивите догмати и во сè следејќи ја Светата и Соборна Црква, верувам и исповедувам, дека Бог Отец — е единствениот безпочетен и безпричински, и — Извор и Причина на Синот и Духот: зашто од Него се раѓа Синот и од Него исходи Духот; како што ниту Синот не учествува во исходењето (на Светиот Дух од Отецот) , така и Духот — не учествува во раѓањето (на Синот од Отецот) ; или со други зборови, — Двајцата се “Происходења” (αμα τους προοδους) и тоа — заеднички Еден со Друг, како што учат богословите Отци. Затоа и се вели, дека Светиот Дух исходи “преку Синот” — то ест — “со Синот”, и како Синот (што происходи од Отецот), иако и не на начинот на раѓањето (γεννητώς), како — Него; за Синот пак, не се вели дека Тој е роден “преку Духот”, заради тоа, што (веќе самото) име на Синот покажува сродност од определен карактер, за да не помислиме, дека Тој е Син на Духот. За Духот се говори, дека Тој е — “Дух на Синот”, бидејќи Тој Му е своjствен Нему според природата и преку Него им се јавува и ги дарува луѓето; но Синот и не е и не се именува “Син на Духот”, како што говори Григориj Нисаски. Ако пак, изреката “исходи преку Синот” ја јавува причината (на битието на Св. Дух) , како што тоа го говорат новите богослови, а не — тоа, дека Тој преку Него просветува и се јавува и воопшто заедно со Него происходи и Го придружува (συμπαρομαρτειν), како што говори божествениот Дамаскин, тогаш сите богослови по ред, толку истакнато не би ја одземале од Синот Причината (на битието на Св. Дух) ; еден од нив говори: “Единствениот Извор (т. е. единствената Причина) на надприродното Божество — е Отецот, и со тоа Тој се разликува од Синот и Духот” 126) ; друг вака говори: “Единствен нероден и единствен Извор на Божеството — е Отецот” 127) — т.е. е единствената Причина, како и единствениот безпричински; друг пак, го говори следното: “Сè, што има Отецот, има и Синот, освен своjството да биде Причинител” 128) ; а, друг вака вели: “И римјаните не го прават Синот Причина на Духот” 129) ; а друг така богословствува: “Единствен Причинител е — Отецот” 130) ; а на друго место вака се вели: “Синот пак не го именуваме ни Причинител, ни Отец” 131); на друго место тој го говори следното: “Тоа, што е содветно на Изворот, на Причината, на Родителот — само кон Отецот смее да се однесува” 132) ; и употребувајќи “преку” (δια) во однос на Синот, тој префинет богослов — Дамаскин, не би ги исклучил “од, (из) (εκ)”, ако тоа би било уместно; зашто, во осмата глава на Богословски Изреки тој така говори: “Ние не говориме, дека Духот происходи од Синот, туку го именуваме — “со Духот Син” и исповедуваме, дека Тој преку Синот се јавува и ни се дава нам” 133) ; тој пак во тринаесеттата глава говори уште вака: ” (се вели) “Дух на Синот” не во смисла, дека Духот происходи од Синот, туку дека преку Него Духот исходи од Отецот: зашто само Отецот — е Причинител” 134) ; на крајот на посланието до Јордан тој го пишува следното: ” воипостасниот (ενυποστατον) Дух— е Резултат на Исходењето и Изведувањето од Отецот (εκπορευμα και προβλημα του Πατρος) преку Синот, но не — од Синот, зашто Духот, кој Го возвестува Словото, е Дух” од Божјата уста” 135) ; а, во словото на погребението на божествената Господова Плот тој говори вака: “Светиот Дух на Бог и Отецот, Кој што од Него исходи, Кој, се вели, и — од Синот, преку Него се јавува и се дава на созданието, но не како од Него да го има битието” 136) . Очигледно, дека предлогот “преку”, таму каде што тој го означува посредништвото во однос на причината (μεοηείαν αιτιώδη) и на најблиската причина, како што сакаат латините, го има истото значење, како и предлозите “од, (из)”, и само тој може да го заменува местото со другиот во истоветно значење, како на пр. — “Го добив човекот преку Бога” (δια τον θεοί) 137, το ест: — “од Бога” (έχ του θεού) ;или “маж преку жената” (δια γυναικός) 138, τ. е. — “од жената” (εκ γυναικός) . Затоа, кога се исклучува предлогот “од, (из)” (έχ) , τοгаш е — јасно, дека наедно со тоа се исклучува и поимот причинител. И така, останува, дека согласно со разбирањето на префинетото Богословие, во тоа смисла се говори, дека “Светиот Дух исходи од Отецот преку Синот”, дека, исходејќи од Отецот преку Синот, Тој се пројавува или се спознава, или просветува или се спознава, како Оној што Го јавува (Христа) . “Зашто, Тој го има овој особен знак на личното ипостасно своjство”, говори Василиj Велики,- “да се спознава после Синот и наедно со Синот, и од Отецот да има битие” 139) . Со тоа тој сака да разбереме, дека “преку Синот” означува “со Синот”; зашто и овде не му се припишува некое друго лично своjство на Светиот Дух во однос на Синот, освен тоа, дека Тој со Него се спознава; и не некое друго — во однос на Отецот, освен тоа, дека Тој од Него има битие. И така, ако личното своjство, несомнено, мора да го одразува тоа што се јавува (како) лично своjство, тогаш значи, Светиот Дух нема некој друг однос кон Синот, освен таков, дека Тој со Него се спознава; како во однос кон Отецот – дека Тој од Него го има битието. И така, Светиот Дух не исходи од Синот и нема од него битие: зашто, што би пречело за да се говори, дека Светиот Дух исходи преку Синот, како што се говори: “сè” преку Синот “настана”? — Но тоа, навистина, се говори и таму предлогот “преку” стои наместо предлогот “од, (из)”, што сепак, никако не се говори, и никој не ќе наjде, некаде да се говори, дека Духот изходи преку Синот, без да се спомене Отецот, туку се говори: ” ο д Отецот п р е к у Синот”. Тоа пак, никако, не ја заклучува неопходноста, на Синот да му се припишува Причината (за Духот) ; затоа изразот “од Синот” сосема никаде не се сретнува, и јасно е, дека — е недозволив.

2. Што се однесува до исказите на Западните Отци и Учители, кои на Синот му ја припишуваат Причината за Духот, јас нив и не ги познавам (зашто тие и не биле никогаш преведени и не биле одобрени од Вселенските Собори) и не ги прифаќам, забележувајќи, дека тие се — расипани и имаат многу додавки, како насекаде во многу други книги, така и во таа, што латините вчера ја претставија и на третиот ден — во книгата Дела на Седмиот Вселенски Собор, во коj Символот на Верата, кој се наоѓа во Соборната Определба, ја имаше во себе додавката (Filioque) , кое кога се читаше, каков срам ги опфати нив, знаат присутните тогаш. Но, тие (Западните Отци) не пишувале ништо противно на Вселенските Собори и на нивните општи догмати и, никако, ништо не созвучно на Источните Учители, и ништо — не соодветно, за што сведочат многуте нивни искази. Затоа, такви опасни опасни изреки за исходењето на Светиот Дух јас отфрлам, согласувајќи се со Свети Дамаскин, не говорам, дека Духот происходи од Синот, иако некој друг и го говорел тоа; и не говорам, дека Синот е — Причинител и Изведувач (προβολεα) на Духот, за со тоа да не воведам во Троица Друг Причинител, и од тоа би се разбрала појава на два Причинитела и две Начела. Зашто, овде да се биде Причинител не се јавува (како) своjство на суштеството (природата), така што тоа да биде општо и едно за Трите Лица; и затоа никако и на никаков начин латините не избегнуваат две начела додека тврдат, дека Синот е — Начело на Духот; Начело — тоа е лично своjство и по него се разликуваат Лицата (меѓу Себе) .

3. И така, во сè следејќи ги Светите и Вселенски Седум Собори и богомудрите Отци кои на нив засветеле, јас – “Верувам во едниот Бог Отец Седржител, Творец на небото и земјата, на сè видливо и невидливо. И во едниот Господ Исус Христос Син Божји, Еднороден, Кој од Отецот е роден пред сите векови: Светлина од Светлина, Бог вистински од Бог вистински, роден, не створен, едносуштен на Отецот, Преку Кого сè настана. Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небото, и се воплоти од Светиот Дух и Mapија Дева, и се вочовечи. Кој беше Распнат за нас при Понтиj Пилат, и страдаше, и беше погребен. И Кој воскресна во третиот ден според Писмото. И Кој се вознесе на небото, и седи оддесно на Отецот, и повторно доаѓа со слава да им суди на живите и на мртвите, Неговото Царство не ќе има крај. И во Духот Свети, Господ Животворечки, Кој од Отецот исходи, Кој со Отецот и Синот е сопочитуван и сопрославуван, кој говорел преку пророците. Во едната Света, Соборна и Апостолска Црква. Исповедувам едно крштение за простување на гревовите. Го чекам воскресението од мртви. И животот на идниот век. Амин”.

4. Ова свештено учење и Символ на Верата, кој бил возвестен на Првиот и Вториот (Вселенски) Собор и е санкциониран и потверден од другите Собори, — со сета душа примајќи го и чувајќи го, го прифаќам и поздравувам со спомнативе Седум Собори и со тој Собор, што бил собран по нив во времето на царувањето на Благочестивиот Цар Василиј Ромеjски и Најсветиот Патријарх Фотиј, и коj бил нарекуван “Осми Вселенски”, коj во присуство на легатите на Јован, блажениот папа на Старит Рим, — Павле и Евгениј епископи и Петар презвитер и кардинал, го санкционирал и потврдил Седмиот Вселенски Собор и наредил да се врброи кон претходните Соборам, го восстановил Најсветиот Фотиј на неговиот престол, а исто така ги осудил и анатематисал, како што правеле и пред него Вселенските Собори, оние, што се дрзнуваат да прават некакво новотарско додавање или одземање или воопшто да внесуваат каква било измена во наведениот Символ. “Ако некој”, говори тој, “покрај овој Свештен Символ се дрзне друг да пишува или да додава или да одзема и дрско да се повикува на тоа тврдење, да биде осуден и отфрлен од сето христијанско општество” 140) . Ова пак, истото во однос на она додавање во Символот го говори уште пошироко и очигледно и папата Јоваан во посланието кон Најсветиот Фотиј. Тој Собор издал, исто така, канони кои се наоѓаат во сите зборници на канони.

5. И така, согласно на установеното, како од овој, така и од оние Собори што биле пред него, наложувајќи како неопходно да се зачува Свештениот Символ на Верата ненарушен — така, како што тој бил издаден — и прифаќајќи го тоа, што тие го прифатиле, и отфрлајќи го тоа, што тие го отфрлаат, јас никогаш не ќе ги примам во општење оние што се дрзнале да додаваат во Символот новост во однос на исходењето на Светиот Дух, до тогаш, додека тие остануваат во таквото новотарење. “Зашто, оној што е во општење со одделени од општењето”, се говори, “и самиот да биде одделен” 141) . И божествениот Златоуст, толкувајќи ги зборовите (на Апостолот) : “Ако некој ви благовестува различно од она што го примивте, анатема нека е” 142) — говори вака: “Тој не рекол: ако тие ви возвестиле нешто противно или сосема би изопачиле, но ако и нешто мало би благовестиле надвор од она, што вие го примивте, или, можеби, нешто да измениле, — анатема нека бидат”. И таму тој говори: “Неопходна е — умереноста, за да не се покаже дека е престапен законот” 143) . И Василиj Великиj во “Подвижничките Поуки” вака говори: “Да се отфрла нешто од напишаното или да се воведува нешто ненапишано — е јавно отпаѓање од верата и знак на дрскост; зашто Господ наш Иисус Христос говори: “Моите овци, мојот глас го слушаат”; а пред тоа Тој вели: “По туѓ пак, не одат, зашто бегаат од туѓ глас” 144) . И во “Посланието кон монасите” тој така говори: “Ако некои претендираат, дека ја исповедуваат здравата вера, а имаат пак, ништо помалку, општење со инакумислечките, ако и по советување не престанат така да постапуваат, тогаш треба и тие самите да бидат не само одделени, туку дури и браќа да не се нарекуваат”. И пред него, Игнатиj Богоносец во посланието кон божествениот Поликарп Смирнски, вака говори: “Секој што говори поинаку од она што е установено, иако би бил и достоен според верата, иако би и постел, иако и девството би го чувал, иако и знаменија би творел, иако би и пророкувал, нека биде за тебе како волк во овчjа кожа, кој деjствува за погубување на овците”. А, и каква потреба од многу говорење?! — Сите Учители на Црквата, сите Собори и сите Божествени Писма нè советуваат да бегаме од инакумислечките и да отстапуваме од општење со нив. И така, зарем јас, откако сите нив ги презров, да ги следам оние, што под маската на лажното примирје повикуваат да се склучи Унија со оние што го нарушиле свештениот и божествен Символ и го воведуваат Синот како втор Причинител на Светиот Дух? Зашто, другите од неуместните, од кои и само ова доволно ќе беше, да се разминеме со нив, сега ги оставам неспомнати. Да не се случи ова со мене, — о, Утешителу Добар! — да не отстапам до тој степен од себе самиот и од здравите просудувања, туку имајќи од Твоето учење и од Тебе одухотворените мажи, да го приложам кон моите Отци, изнесувајќи го од овде, ако ништо друго, барем — Православието (την ενοέβειαν)!

Прилози:

Преподобни Јустин Ћелијски: ЖИТИЈЕ СВЕТОГ ОЦА НАШЕГ МАРКА ЕФЕСКОГ – Исповедника Православља.

Святитель Марк Евгеник, митрополит Ефесский: Доступные произведения

Светога Митрополита Ефескога Марка Евгеника Исповедање праве вере

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s