Десет причини да се оди на Света Литургија

Често луѓето размислуваат: Што е тоа Црква? За нас, православните, одговорот е сосема јасен. Таа не е список на членови и не е /само/ градба во центарот на градот или селото. Црквата е црква токму како соединета, собрана парохија на богослужба. Самиот Христос се наоѓа таму среде нас заедно со целиот видлив и невидлив свет.

Затоа постојат многу и важни причини да се отиде на литургија:

1) Учествување во спасението на светот. Ние сме повикани со секое Евхаристиско причестување да учествуваме во Христовата смрт и Неговото воскресение. Преку ова искуство го вклучуваме сопствениот живот во Божествениот подвиг на спасението на светот.

2) Доживување на Божественото присуство. Доживување на Тајната на причестувањето со Христовото Тело. Тоа причестување за нас го означува животот во верата, надежта, љубовта, кои се пројавуваат во нашите взаемни односи.

3) Благочестив, среден живот според верата. Треба да учиме да одиме на богослужбите регуларно. Тоа има важно значење за начинот на живот на христијаниот и неговата етика, помагајќи да се возрастува во Христа.

4) Заедничко слушање на Божјото Слово. Библијата е – Божјо Слово. Слушајќи литургиското читање на Библијата и проповедта, ние влегуваме во соборното предание на Црквата. Тоа дава надежна основа, исто така, и за нашето лично читање и разбирање на Библијата.

5) Развивање на етичкиот живот. Регуларното учествување во литургијата помага да се пронајде етичката одговорност. Христовата Љубов и Неговата добрина нè повикуваат да Го следиме, за да ја исполниме заповедта; „според нивните плодови ќе ги познаете”.

6) Општење во Христа. Причестувањето со Христа за нас секогаш означува соединување еден со друг како браќа и сестри. Зборот „општење” првично го означувал прекршувањето и разделувањето на општ /заеднички/ леб. Во Тајната Причест е најдлабоката тајна на Црквата – таа се остварува во општењето со Христа и еден со друг.

7) Наше молење за помош. Во текот на двеилјадната историја на Црквата, луѓето ги принесувале најдлабоките потреби и желби на општата богослужба. Во ектениите ние пред Бога ги принесуваме сите општи и лични потреби, на пример, се молиме за упокоените и за болните.

8 ) Молитва за мир. Ние се молиме не само за своите потреби, туку и за целиот свет. Светата Причест има космичка димензија. При осветувањето на лебот и виното, кои што стануваат Тело и Крв на Христа, и ние стануваме Негови причестници. И така, светот со сите свои потреби, радости и тешкотии, секогаш присуствува, кога заедно ја извршуваме Евхаристијата.

9) Божјото Царство е среде нас. Секогаш, кога ја извршуваме Литургијата, ние ја претчувствуваме реалноста на тоа Божјо Царство, каде што пресушуваат сите солзи. Божјото Царство присуствува реално и чувствително во раздавањето на светите дарови. Дарови, кои се Божји дар во Христа.

10) Изворна /вистинска/ радост. При извршувањето на Евхаристијата Бог во нас предизвикува најдлабок мир и радост од учествување во Неговиот Божествен Живот. Блажени Августин напишал: „Ти, Боже, си нè створил за Себе, и нашето срце е неспокојно, додека да го најде спокојот во Тебе”.

Извор: „Амвросий, митрополит Хельсинкский, Много причин прийти на литургию

One thought on “Десет причини да се оди на Света Литургија

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s