Исус Христос и Закхеj (Лк. 19:1-10)

Јудеja во времето на Христос била римска провинциja. Божjиот народ, кој сè уште бил под силата на Моjсеовиот Закон и страрозаветните определби, ја презирал надмоќта на паганската империja и го очекувал своjот Цар, своjот Спасител. Ете зошто, сите слуги на римската власт били сметани за служители на нечесноста.

Такви биле митарите, односно оние, што го собирале данокот од населението. Тие били сметани за грешници, за расипани и недостоjни луѓе.

Евангелскиот разказ на св. ап. Лука говори за еден историски настан од земниот живот на Господ Христос, каде што станува збор за еден митар, притоа не обичен, тука за началник на митарите. Овој настан и денес звучи трогателно, зашто освен пример за покаjaние, тоj ја разоткрива и жедта на секоја човечка душа да го открие Христа, да се допре до Него и во Него да најде спасение и мир.

Во дворот на еден православен женски манастир во Јерихон до денес се чува сувиот труп на Закхеевата смоква.

На тоа дрво, пред околу 2000 години, се икачил еден мал по раст и смирен по душа човек, за да го види Господ Исус Христос. Но, неговиот духовен стремеж бил толку повисок, што до денес таа, детски спонтана постапка, останува како пример за толку христиjaни.

Желбата да го видиш Христа – не започнува ли токму уште од тој неосвестен порив на човековата вера?

Навистина, само со една спонтана љубопитност не се исцрпува вистината, но и таа не останува незабележана. Зашто, Христос не го одминал малиот човек, туку напротив, го провидел неговиот духовнен раст и посакал да го посети неговиот дом.

Приговорите од народот не задоцниле. Горделивите срца не се двоумеле да дадат оценка: „отиде кај грешен човек”. Слични приговори се слушаат и денес, упатени кон Црквата, кон архиереите и свештениците, кон Христовите служители.

Но, Спасителот и’ заповедал на Црквата – не да стои настрана, не да ги презира заблудените чеда, туку напротив, да присуствува со своjaта светост и да сведочи за Божjaта правда насекаде.

Да влегува со благодат во домовите на сите, кои што и да не се искачиле високо, барем кренале глава од суетата на светот во желбата да го видaт Бога.

Но, да ги видиме понатаму плодовите на духовниот стремеж. Кога Христос го посетил домот на Закхеj, наместо одговор на приговорите од толпата, дека грешен човек е удостоен со света посета, митарот ја познал вистинската праведност и ja потврдил со добри дела, со покаjaние, со милосрдие и праведност. И наградата не задоцнила: „Денес е спасението на овој дом„. Зашто, нема поутешна и поголема награда од простувањето на гревовите и спасението во вечниот живот, како што вели Христос за Себе: „Синот Човечки доjде да го побара и да го спаси изгубеното.”

Како што покажува човечката историja, љубовта кон парите и алчноста се големо изкушение и ако се заплетка човек во тие мрежи, многу тешко се извлекува од нив. Во таков случаj важи тажната вистина, коja што вели: „Лукава /човечка/ природа, лесно не се изменувa”. Не е лесно да се обрати една повредена природа! И Стариот Завет ни советува, да не го предаваме нашето срце на богатството: „Кога се зголемува богатството, не приврзуваjте го срцето кон него” [Пс. 61:11].

Денес богатството се поистоветува со успешност, со некакво достоинство, со среќа! Нема значење; коj си, туку првото прашање е; што имаш! Алчноста и неправдата во нашава епоха се го доживуваат својот врв! Богатите да станат уште побогати! Сиромашните пак – уште посиромашни! Капиталот да ги смени сопствениците и едни да станат новобогаташи, а други – новосиромашни! Постои ли, браќa, лек за ваквата состојба?

Денешниот евангелски извадок нè уверува, дека познанието на Исус Христос го доведе алчниот и неправеден Закхеj до благословен пресврт. Карактеристично е тоа, што го запишал светиот евангелист: „Закхеj сакаше да го види Исус Христос”. И срцепознавачот Господ го забележува среде толпата и го уверува, дека ќе го посети во неговиот дом. Огромна чест!

Исус Христос оди кај Закхеj и тогаш Закхеj од грабач се преобраќа во дарител.

Го раздава своето богатство, кое што го придобил преку нечесно зголемување на даноците, а веќе станува богат од присуството на Божjaта благодат.

Натрупаните богатства им ги враќа на оние од кои ги зграбил, и самиот тоj се збогатува веќе со неизменлива ризница. Таа ризница е почитта кон Бога и љубовта кон страдалниот брат.

Тешка е пораката на денешното евангелие, браќа и сестри, но тоа навистина е откупно главно и наjмногу за нашето болно општество; Она, на што Евангелието укажува, што треба да е централно во нашите потреби и да го определи изборот во нашиот живот – е љубовта кон личноста на Богочовекот Исус Христос и кон наjмалиот наш брат. Љубовта, коja што ќе најде нешто од нашата немаштија а. наjмногу: ќе осигура нешто од нашето изобилие.

Полека наближува Великиот пост. И наспроти тоа што дотогаш има уште цел месец, светите отци го определиле денешното евангелско четиво за митарот Закхеj како прв литургиски белег на идниот великопостен период. Зашто, секој подвиг има смисла тогаш, кога му претходи копнежот за Бога, и сега и секогаш и во вечни векови Амин.

Според материјали од: pravoslavieto.com

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s