Канонска автокефалија – за или против?

Да му се пишува за поместноста на Украинската Црква на клирик на Московската Патријаршија е – неблагодарна работа. Поборниците за автокефалија ќе те укорат за во недоволна решителност, а противниците ќе те етикетираат како “непријател на православието” заради неверност кон идејата за “една и неделива” Руска Црква. Сепак, треба да се говори за ова, и уште повеќе денес, кога прашањето за поместноста на украинското православие повторно е актуелизирано.

Пред неколку месеци во статијата „Потребна ли ни е поместност?” веќе искажав некои мислења по ова прашање. Со тоа што тогаш беше кажано таму, јас се согласувам и денес.

Иднината на православието во Украина се определува не само со формите на канонското устројство на црковниот живот, туку и со квалитетот на самиот живот, то ест на практичната организација на секоја местна општина. При што, второто мене ми изгледа попрвично од првото. Во црковниот живот често иницијативата “од горе” се покажува неуспешна, додека здравата иницијатива “од долу” може да доведе до вистинска преродба и обновување на Црквата.

“Едното треба да се прави, и другото да не се остава” – овие Христови зборови се чинат применливи кон денешната ситуација во Украина. Силна, полна со внатрешен живот и мисионерски потенцијал Поместна Црква, една од најголемите во светот – таква е перспективата на украинското православие. Но, оваа перспектива е реална само под услов, ако на дадената етапа силите, како црковните работници/клирот, така и целиот Божји народ кој ја образува Црквата, бидат сосредоточени на главното – како сите ние да се обединиме околу Христа.

Некои “претставници на Православната општественост/јавност” не престануваат да повторуваат: “Единството на Руската Црква на целата нејзина канонска территорија е – аксиома и не е предмет на дискусии”. Но, може ли некое земно единство, единство надворешно, да биде поважно од најглавното единство – единството во Христа? Зар не се единствени преку Светата Причест со Телото и Крвта Христови членовите на Руската Црква со верните на Црквата Константинополска, Ерусалимска, Антиохиска или, да речеме, Американска? Зарем се раздели Христос?

Нашата Украинска Православна Црква денес брои околу 11.000 општини. Уште 3.500 општини – во структурата на т.н. “Киевска Патријаршија”, и повеќе од илјада – во УАПЦ. Расколот на украинското православие, како и секој црковен раскол, е тешка рана. Ако не чувствуваме болка за нашите браќа и сестри кои престојуваат во раскол, значи, ние сме лоши христијани. Не може самодоволно да се успокојуваме со тоа, деке еве, ние сме ја зачувале чистотата на православието. Љубовта не може да биде спокојна, кога братот крај нас е отсечен од животворната лоза. И ако канонската автокефалија на Православната Црква во Украина ќе може да помогне, макар дел од сега одделените општини да се вратат во православието – тогаш таквата автокефалија може само да се поздрави.

Јас не тврдам дека овој пат ќе ги реши сите проблеми. Се разбира дека нема. Уште повеќе, тој ќе породи нови – зашто, како што е познато, определен дел од верните ќе сака да остане во Московската Патријаршија.

Од гледна точка на Православната екклисиологија (учење за Црквата) постоењето на една територија на паралелна структура од епархии на две или повеќе поместни Цркви – е противприродно и неканонско. И тука ние ќе се најдеме пред тежок избор.

Треба да се забележи, дека неканоничноста не секогаш означува “безблагодатност”. Секако, мерата на “благодатноста” воопшто не може да се измери, зашто “Духот дише, каде што сака”, но сепак ќе се условиме благодатност да го нарекуваме признавањето на Светите Тајни кои се извршени во една Црква, од страна на други местни православни цркви. Од таа гледна точка, на пример, Православната Црква во Америка, која добила автокефалија од Московската Патријаршија во 1970 г., е сосема благодатна, бидејќи вистинитоста на Тајните извршени во неа не се оспоруваат никаде во православниот свет. Од гледна точка пак, на Вселенската Патријаршија (и редица други Поместни Цркви), формирањето на американската Црква се смета за неканонско. Освен тоа, на територијата на Америка, Западна Европа и Австралија, то ест во местата на дијаспората, постојат паралелни структури на различни Поместни Цркви, кои ги признаваат Тајните една на друга. Но, самата таква “паралелност” е, безусловно, неканонска појава.

Ние денес стоиме пред избор: да се стремиме кон лекување на расколот преку регулирање на канонскиот статус на Украинската Православна Црква (што ќе доведе до појава на општини и, веројатно, епархии, кои ќе сакаат да бидат во потчинетост на Московскатаа Патријаршија), или да ја чуваме статус-кво состојбата, надевајќи се дека, порано или подоцна, расколниците со покајание ќе се вратат кај нас. Но денес, 15 години по последниот, најтрагичниот раскол, веќе израсна генерација верни, кои, сепак, не заминале од нас – тоа се оние што се крстени во “Киевската Патријаршија” или во потрагата по Бога прво влегле во расколнички храм и останале таму. Во право ли ќе бидеме, ако бараме од нив да се вратат траму, од каде што тие не заминале? Можеби, од пастирски обѕири би вредело да им се предложи сосема канонска и сосема благодатна Црква, независна во управувањето, рамна на другите во семејството на Поместните Православни Цркви? Тоа е прашањето.

Би сакале, читателот да разбере, дека цел на оваа статија е токму поставувањето на прашања и повик на дискусија, а не давање на порано подготвени одговори. Избрзаниот одговор на толку сложените прашања само ќе го повреди делото. Но, сепак, прашањата се такви, што може и мора да се разгледуваат. И авторот ќе биде задоволен, ако расправата што одамна е започната во световните медиуми, продолжи и на страниците на црковниот печат.

свештеник Андреј Дудченко

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s