Потребна ли ни е поместност?

Во украинското православие за сите изминати години од независноста на Украина не ослабнува дискусијата за неопходноста  од создавање на Поместна Црква. Во тие спорови се наведуваат тешки аргументи, како за целосна независност на канонската украинска Црква,  така и за зачувување на единството со Московската Патријаршија. Притоа, разните учесници во дискусиите, изгледа, под поимот поместност не подразбираат едно и исто.

Претстоителот на Украинската Православна Црква, Блаженејшиот Митрополит Владимир, еднаш во интервју рече дека Поместна Црква во Украина веќе постои и таа Црква е УПЦ. Други пак, не сакаат да ја признаат поместната Црква која го пази канонското потчинување на Московската Патријаршија, иако таа и располага со права на широка автономија. Ова прашање може и мора да се разгледува, но често во таквите дискусии се заборава она што мене ми се чини дека е главно.

Поместноста – е еден од основните принципи на устројството на Православната Црква. Да се измени или да се укине овој принцип – значи да се измени самата природа на Црквата. Отец Александар Шмеман го појаснува овој принцип вака: «Поместноста на Црква означува, дека во едно место, то ест на една территорија, може да постои само една Црква, со други зборови – една црковна организација која се изразува во единството на свештеноначалството/ерархијата». Затоа, патем кажано, Митрополитот Владимир е сосема во право, нарекувајќи ја УПЦ поместна Црква. Паралелното постоењето на епархии на неколку Цркви на една територија – е проблем на современото православие на Запад. Проблем кој што не е изживеан до сега.

Освен поместноста, постои уште еден основополагачки принцип, кој го определува битието на Црквата од самиот почеток на нејзиното постоење. Црква – тоа не е општествена организација или институција, туку е Христово Тело. Токму причестувањето со едното и исто Христово Тело ги прави верните во Исуса Христа членови на Црквата. Од друга страна, токму затоа што тие луѓе се членови на Црквата, тие можат да се собираат заедно за Евхаристијата. Извршувајќи ја Евхаристијата, местната Црква се пројавува и се исполнува себеси. Разбирањето на суштината на Црквата како Христово Тело лежи во основата на така-наречената «евхаристиска екклисиологија», својствена за Црквата од апостолски времиња (зашто, не постои во Црквата време, кога не би се извршувала Евхаристија) и «повторно е откриена» од видниот руски богослов и канонист на ХХ в., протопрезвитерот Николај Афанасјев. Согласно таа екклисиологија, секое евхаристиско собрание, то ест секоја Божествена литургија е пројава на целото Христово Тело, а не на негов дел, зашто тоа Тело е неделиво.

Имено, затоа изгледа поважно да не се кршат копја во споровите за поместноста или зависноста на една или друга црковна организација, то ест да не се гради поместноста «од горе», туку да се пројавува «од долу». УПЦ денес брои повеќе десетици илјади парохии, то ест евхаристиски општини. Но, секоја ли таква општина се осознава себеси како местна Црква? Сите наши верни ли  разбираат во што учествуваат на литургијата? Без преродба на парохиите или местните цркви «од долу» никаква измена на надворешното устројства не ќе го донесе очекуваниот резултат. Мисионерските напори на пастирите и активните лаици /мирјани/ денес мора да бидат насочено пред сè на тоа, да се прероди свесното учество на верните во животот на Цркваа, чија основа е Евхаристијата. Притоа верниците («верните» во литургиската терминологија) мора да се осознаваат себеси како дел од Божјиот народ, носители на «царственото свештенство», а не пасивни «мирјани»; Во литургијата да се учествува, а не да се присуствува, при што да се участвува свесно/осознаено, разбирајќи го не само значењето на зборовите на богослужбата, туку и литургијата во целина, а исто така да се разбира и своето участво во неа.

Затоа, сите спорови за поместноста, по мое мислење, ќе останат бесплодни, бидејќи во Црквата е важно не надворешното врамување на устројството, туку внатрешната суштина. Силите, кои се трошат на споровите за надвроешното устројство, подобро е да се вложат во тоа, на Евхаристијата да и’ се врати централното место во животот на секој верник и на секоја црковна општина, да се измени практиката на крштевање и венчавање без претходна подготовка, да се сплотува општината врз основа на парохиите. А дури потоа Црквата, силна внатре, ќе може да ја определи и својата надворешна организација. Засега, има за што да се погрижиме.

извор: свештеник Андреј Дудченко

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s