Сретение Господово

Денот Сретение Господово (15 февруари н.с.) – е еден од најголемите празници на Православната Црква. На овој ден се споменува еден од клучните настани на историјата на односите меѓу Бога и човекот: Богомладенецот Христос, донесен во ерусалимскиот Храм на 40-иот ден по раѓањето, е пресретнат од праведниот Симеон. Во овој настан Црквата гледа средба меѓу двата Завета: Новиот Завет – кој воплотениот Мессија – Христос ќе го склучи со луѓето, доаѓа да го замени Стариот Завет – олицетворен во старец Симеон.

Дошло времето кое човештвото го очекувало со векови. Во светот се јавил Оној што ќе стане победник на гревот и смртта, Кој за сите луѓе ќе го отвори патот во Божјото Царство и ќе ја бара секоја изгубена овца… Провидувајќи го тоа, праведниот Симеон, откако го зел на раце младенецот Исус, рекол:

„Сега го отпушташ својот слуга, Владико, според Твојот збор, со мир, зашто го видоа моите очи Твоето спасение, што си го подготвил пред лицето на сите народи: светлина како откровение за паганите и слава на Твојот народ, Израил”.

Симеон го видел Христа – и тој сега може со мир „да замине кај праотците”, то ест да умре и да слезе во мрачниот шеол, каде што се мачат сите умрени, очекувајќи ослободување. И Симеон ќе им ја однесе радосната вест: „Остана уште сосем малку за чекање, бидејќи јас на своите раце го држев Оној што ќе го разурне адот.”

Црквата на денот на празникот пее: ”Древний днями, давший в древности Закон на Синае Моисею, ныне видим как Младенец; и Закон исполняя, как Творец Закона, по Закону в Храм приносится и старцу вручается // Древниот по денови, кој на Мојсеј во древноста му го даде Законот на Синај, сега го гледаме како Младенец; и Законот исполнувајќи го, како Творец на Законот, според Законот во Храмот се донесува и на старецот му е врачен.” Истиот, Самиот Бог Кој на Синај говорел со Мојсеј и го востановил јудејскиот Закон, сега е донесен во Храмот како Младенец, исполнувајќи го истиот Закон. Во зборовите на црковните химни е видно црковното учење за тоа, дека во сите времиња Бог општел со човештвото во лицето на Синот. Затоа, на некој начин, нема основа да го изобразуваме на икона Бог Отецот – Кого никој никогаш не го видел. „Ветхий деньми // Стар по денови”, то ест старец во вид на кој Бог се јавувал на некои пророци пред Христовото воплотување – тоа е Истиот Божји Син.

За многу години нека е празникот! Секој од нас во животот нека има што повеќе вистински „сретенија” // средби – и еден со друг, и со Бога.

извор: Дудченко Андрей, свящ.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s