Недела на митарот и фарисејот

…Би можел да наведам друг, добро познат пример, за да покажам како Црквата и Евангелието нè повикуваат на битисување, кое ја надминува индивидуалноста. За нас кои сме створени, многу тешко е вистински да ја сфатиме таа можност на постоење, кое ја надминува индивидуалноста. Тоа е причината, заради која моралистичкото искушение – имено искушението за своето ego постојано да бараме оправдување – постојано ја следи Црквата во сите нејзини предности. Тоа се сретнува во сржта на секојдневниот живот и го обновува нашиот менталитет. Тешко е да се достигне онаа слобода и не е лесно човек да делува на оној начин, така што да станува „каков што треба” (да биде) само врз основа на верноста на Законот, потчинет на правилата кои се поставени за да му го покажат патот кон Животот.

Другиот пример што би сакал да го наведам, е примерот со цариникот и фарисејот. Не сум сосем сигурен, дека секогаш ја сфаќаме смислата на таа парабола. Имаме впечаток дека фарисејот е грешник „уверен во сопствената праведност.” Но, тој тоа воопшто не е! Тој е човек на добродетелта, со посебен морален квалитет, апсолутно верен на Законот, многу доследен на своите религиски должности; тој редовно го посетува Храмот, им дава пари на сиромасите… А, сепак е исклучен од Царството? – Зошто? – Токму затоа што нема потреба од Бога, тој се исполнил самиот со себе си, сосем е задоволен со своите добродетели, со своите морални квалитети… Тој нема потреба од однос. Тој „го поседува” дури и Бога; го поседува со сопствената верност!

Од друга, страна цариникот нема ништо што би му принел на Бога; тој е вистински грешник, паднат човек. Цариникот нема на што да ја втемели својата самодоверба и неговата последна надеж е – Бог! Целата молитва на цариникот е свртена кон Бога во просење на Неговото милосрдие…

Од: Христо Јанарас, Православието – археолошки остаток или сведоштво за вистината

One thought on “Недела на митарот и фарисејот

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s