Обраќање на 227 магистри и доктори на науки до Претседателот на Русија

Почитуван Владимир Владимирович!

Вo услови на сè почести пројави на рецидиви на воинствен атеизам во дејноста на некои чиновници, пред сè – од Минобрнаука (Министерство за образование и наука) на Русија, ние сметаме дека е неопходно да го изјавиме следното:

1. Создавањето на услови за доброволно изучување од учениците на религиозната култура на православното христијанство, за развојот на теолошкото образование во државните школи, другите форми на взаемодејствата на Руската Православна Црква и државата во областа на образованието не се посегнување по уставните основи на Руската држава, на нејзиниот световен карактер, туку напротив, сосема се правомерни, обезбедуваат полноправна реализација на културните права на граѓаните на Русија, загарантирани со Уставот на Русија и со меѓународните акти за правата на човекот. Спротивните изјави, засновани исклучиво на правен и културен опскурантизам и нихилизам, доаѓаат од луѓе кои со тоа го подготвуваат патот за наметнување на сопствените религиозни или идеолошки доктрини, или од луѓе кои нетерпеливо се однесуваат кон Руската Православна Црква, кон православното христијанство со православните верни.

2. Теологијата – е посебна гранка на науката, која никако не влегува во противоречност со другите науки, како хуманитарните, така и природните.

3. Клирикализација на системот на образованието во Русија – тоа е вулгарно-атеистически мит, идеолошко плашило експлоатирано од воинствените атеисти и мразители на Русија.

4. Полновредното класично универзитетско образование во Русија не може да се изгради без соодветна организација на теолошките факултети, кои, од своја страна, не можат нормално да се развиваат без воведување во државниот систем на аттестирање на научните работници за научници со степени кандидати/магистри и доктори по теологија. Тоа го бараат меѓународните спогодби потпишани од Руската Федерација во рамките на Болоњскиот процес. Научните степени по теологија се сосема вообичаени за државните универзитети на европските и другите земји во светот, (па) нивното воведување во Русија е крајно актуелно.

5. Се обраќаме до Вас со молба да се добие, без оглед на гневните противења од одделни идеолошки ангажирани чиновници во Минобрнаука, брзо и позитивно решение на прашањата:

  • за официјално воведување во руските школи на варијативен курс по изучување на православната религиозна култура врз основа на доброволен избор (за децата од семејства со други религиозни традиции – алтернативни курсови по изучување на религиозната култура на исламот, јудаизмот итн.; за децата од семејства на атеисти – алтернативен курс по нерелигиозна етика);
  • за воведување во државниот систем на атестирање на научните работници како научници за степени кандидат/магистер и доктор по теологија, со дозвола на ВАК Минобрнаука за формирање на дисертациски совети за одбрана на дисертации во однос на укажаните научни степени со издавање на дипломи според државен образец.

Со длабока почит и надеж на Ваша помош, (следуваат 227 потписи)

Извор: Обращение 227 докторов и кандидатов наук к президенту РФ в связи с введением ученых степеней по теологии и преподаванием в школах дисциплин о религиях

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s