Косово

Во Косово се случува некаков историски процес, кој не може да се нарече ни позитивен, ни негативен, додека се одвива – без крвопролевање. Ако пак, тоа води кон воен заплет, осквeрнување на туѓи светињи, тогаш тоа, секако е трагично.

Од сите правни аргументации на кои се повикува Србија, можеби најслабо е повикувањето на „историското право” што го има во однос на Косово. Имено, во Пеќ, (сега веќе на територијата на Косово), до 1767 г. бил престолот на србскиот Патријарх. Но, во правната терминологија не постои поим „историско право”. Ако такво нешто постоеше, колку ли многу граници ќе требаше да се прекројуваат, а териториите на државите постојано ќе се преклопуваат една врз друга…

Во протестите и гневот против губењето на Косово, загрижува повикот на епископот Рашко-Призренски Артемије: „Србија да ги мобилизира своите вооружени сили, да го прогласи Косово за „окупирана територија” и да купи од Русија оружје за нејзино ослободување.” Со такви хистерични апели избувнувале големи, страшни војни…

Што од сето ова ќе настане, во долгорочна перспектива – не знаеме. Сите разговори за тоа, дека се погазува меѓународното право, дека како во домино-теоријата, ќе побараат независност различни непризнати републики, дека тоа го поттикнува сепаратизмот во различни места – со некои забелешки (меѓународното право, на пример, de facto одамна не постои) се вистинити, но тоа е тоа што е видно во границите на догледно-идното време. Сепак, постои и подалечна перспектива. И таа заплашува повеќе, отколку можните непријатности на утрешниот ден.

Историјата покажува дека балканските конфликти, како (по)жарни подрачја, тлеаат со векови и никаква вода не се нашла сосема да ги изгасне. Така што, кога и дали ќе се разгорат, како и со какви последици, засега – не знаеме.

Денешна Србија ќе врие и ќе олади. А, потоа ќе пораснат синовите и внуците, кои ќе се потсетат дека српските светињи, „срцето на Србија” е – во Косово. И тоа нив нема многу да им се допадне…

Косово: история конфликта и пути решения. ИНФОграфика

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s