Косово како проблем нa црковнa териториja

Првите реакции на Косовските настани од последниве денови во основна беа на  политичко рамниште и носеа – сосем разбирливо – емоционална нијанса. Порталот Богослов.Ru на читателите им го предлага размислувањето на предавачот на Московската духовна академија, свештеникот Александар Задорнов, за можните последици на тие настани на црковен план.

Прогласувањето на независната држава Косово со неговото откинување од србската митрополија е една од етапите на образувањето на «Европа на територии» во «Европа на региони». Оставајќи ги на страна геополитичките (па сè до конспиролошките), културните (замислената грижа за спомениците на архитектурата) и историските (првичното поjaвување на планот за «Европа на региони» во отсекот на Химлер) аспекти на овој процес, ќе се обидеме да ја разгледаме неговата еклисиолошка страна. Таа не треба да изгледа вообразена и споредна. Еклисиологиjaта (чиј неодделен дел е канонското право) акумулира не само културно-историски и светогледни особености на членовите на  односна Поместна Црква, туку често и влегува во комплексот мотивации на етничкото однесување.

Реакциjaта на православните медиуми на настаните од 17 февруари во основа се сведуваат на 1) повик до државните структури (како националните, така и меѓународните) да не ја признаваат новата држава или 2) барем да го заштитат православното население и нивните  храмови на территоријата на новата држава. Првиот повик малку  вероојатно е дека ќе биде послушан, а што се однесува до второто, парламентот на Косово веќе нанесе «предупредувачи удар» во вид на акт за заштита на културно-историското наследство на народите на  државата.

Во овие услови е смислата да се оцени можниот статус на территоријата на Косовско-Метохиската епархија во црковно-административен однос. Во перспектива може да стане збор за:

1) зачувување на сегашната положба – епархиja на Србската Православна Црква, која ги обединува парохиите на территоријата на целата држава;

2) номинална катедра (налик на исчезнатите при арапското и турското освојување на Византија, но кои го зачувале именувањето како православни источни епархи) – во случај на сведување на православното население на Косово до незначително малцинство;

3) обид да се прогласи автономија (со автокефалија во перспектива);

4) претворање на епископатот на Косово во религиозно-етничка иерархија, која ќе ги претставува интересите на православното население пред граѓанската администрација;

5) и, како последица на претходниот пункт – обид за децентрализација на црковното управување на таа територија, или пак, нејзино потчинување на администрацијата на други Поместни Цркве (пред сè, секако, на Албанската или Константинополската).

Разбирливо е, дека првата и втората варијанта зависaт само од чисто политички причини.

Што се однесува до «автокефалиската», трета варијанта, доволно е да се погледне балканската историја, за да се појават услови за нејзината можност.

3 thoughts on “Косово како проблем нa црковнa териториja

  1. Има една разлика помеѓу останатите балкански примери и овој, поради која тешко дека може да стане збор за „третата варијанта“ – во сите примери станува збор за (апсолутно) мнозинствено покрстени и православни народи. Има доста простор за споредба со Босна, иако ова е уште потежок случај. Во таа смисла, дури и варијантата 5, како суштински слична на оваа (доста народи, особено низ минативе 100-тина години, се потпирале на Вселенската Патријаршија за еманципирање од претходната јурисдикција) тешко дека може да помине од истите причини. Како реална и колку-толку конструктивна варијанта ми изгледа четворката (особено ако се спореди со тврдокорната единица и очајната двојка). Тоа е апла моделот „пусто турско“ и за жал некако не ми се верува дека после сите случувања од изминативе 20-тина години би се нашла можност за некое поконструктивно (и конкретно мисионерско) решение.

  2. Навистина не знам во која варијанта од горенаведените води новонајавеното игнорирање на Епископoт Рашко-Призренски и Косовско-Метохиски Артемиje, кој им укажал на свштениците и монасите на својата епархија; да не стапуваат „во никакви контакти, разговори” со претставници на приштинските власти и со мисијата на ЕС во тој крај, „да не одговараат и да не одат на нивен повик по каков било повод”, а исто така, и со претставници на земјите кои ја признале независноста на Косово.
    Владиката Артемије забележал дека тие како прекршители на Резолюцијата на СБ ООН 1244 и Уставот на Србија, „се нелегитимни и незаконски, што значи дека и правно не постојат.”

  3. Истиот епископ веднаш по прогласувањето на независноста апелираше „да се купи руско оружје“ и на тој начин да се брани православието на Косово. Доста православни од други земји се најдоа збунети, па и згрозени од веста (на пример на порталот Православие.БГ, каде се разви дискусија по прашањето). Колку што можам да забележам, за среќа, во последно време, тој и неговите „иницијативи“ се прилично игнорирани од Синодот на СПЦ.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s