Ватикан предупредува, дека Крштението не е вистинито, кога свештеникот ја ползува популарната (зарем веќе!? – м.з.) нова формула.
Конгрегацијата за доктрина на верата објавила изјава на 29 февруари, во која вели, дека Крштението „во името на Творецот и Спасителот и Осветителот” не е вистинска христијанска света тајна.
Ватикан во изјавата забележува дека, недејствената формула произлегува од феминистичката идеологија, и заради обидот да се избегнат зборовите „Отецот и Синот, кои биле разбирани како шовинистички”
Сепак, ревидираната формула може „да ја поткопа верата во Троица” – вели Конгрегацијата. Цитирајќи го Евангелието според Матеј, Конгрегацијата забележува дека, Исус им заповедал на своите апостоли да крштеваат „во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.”
Оваа формула е „соодветна за изразување на тринитарноста на верата,” а „произволните формули се неприфатливи.”
„Секој што бил крстен со таа формула треба повторно да се крсти” – се вели во документот. Во канонски цели, Конгрегацијата вели дека луѓето што биле крстени со таа нова формула, мора да се сметаат за некрстени.