Велик Пост: општи правила

Во време на Великиот пост не се јаде: месо, риба, јајца, млеко, растително масло, вино.

Во саботите и неделите може да се јаде: растително масло, вино (освен Саботата на Страстна седмица).

Во Великиот пост риба може да се јаде само на празниците Благовештение (7 април) и Цветници (Влегувањето Господово во Ерусалим).

Во Православната Црква со правилата на постот се укажани само најстрогите норми, кон чие запазување се должни, според можноста, да се стремат сите верни. Формална поделба во правилата; за монасите, клирот и лаиците – не постои. Но, кон постот мора да се пристапува разумно. Не треба да се зафаќаме со она што е над нашите сили. Неискусните во постот треба да пристапуваат кон него постепено и разумно. За лаиците/народот, за болните, децата – постот често се олеснува (тоа треба да биде со благослов на свештеник).

Во молитвите се говори: „постете со пост пријатен.” Тоа значи, дека треба да се држи таков пост што ќе биде духовно пријатен. Мора да се проценат своите сили и не да не се пости престрого или, обратно, непотребно ублажено. Во првиот случај; исполнувањето на правилата кои не се според нашите сили – може да ги повреди и и телото и душата, а во вториот случај; ние нема да го постигнеме потребниот телесен и духовен напор. Секој од нас треба да ги определи своите телесни и духовни можности и да прифати телесно воздржување, обраќајќи главно внимание на очистувањето на својата душа.

2 thoughts on “Велик Пост: општи правила

  1. Сега го забележав овој дел и малку ме буни: „За лаиците/народот, за болните, децата – постот често се олеснува (тоа треба да биде со благослов на свештеник)“. На прво место е наведен „народот“. Во принцип сум согласен дека определени олеснувања во постењето (особено кога станува збор за пост „на вода“) се сосема разумни. Но од друга страна, некако излегува како правилата за постот да се направени по урнек на монасите (само тие останаа ненаброени). Тоа би значело дека исклучоците кои се прават со „олеснувањето на постите“ – не можат да се гледаат веќе како исклучоци, бидејќи просто се однесуваат на друга целна група. И на крај, по оваа логика, малтене излегува дека не постои јасно и конкретно определение за тоа како народот треба да пости?

  2. Не само што посните прописи се „направени по урнек на монасите”, туку, уште повеќе, овие прописи (во нивниот денешен облик) се произлезени од манастирите. Секако, постот не е манастирски изум, но актуелните правила се кодифицирани според манастирскиот начин на живот.
    Знаеме дека постот е средство за достигнување на христијанскиот идеал и цел на животот (соединувањето со Христа и обожението) но, ние сега зборуваме за достигнување и на идеалот на средствата/постот. Мора да се признае дека за многумина (не се исклучувам и себе) максималистичките прописи за постот се тешко достижни или недостижни. Да се потсетиме дека во максималистичкиот пропис на сегашниов Велики пост спаѓа и јадење само еднаш на ден (од Понеделник до Петок), а во Сабота и Недела — дозволен е (дури) и втор оброк. Исто така, во првите два дена од првата великопостна седмица, црковниот типик пропишува целосно воздржување од храна. Во Страстната седмица е пропишано сувојадење /сухоядение/ (неварена и негреана храна), а на Велики Петок повторно целосно воздржување од храна.
    Во Православната Црква во правилата за постот се укажани најстрогите норми, кон чие запазување се должни, според можноста, да се стремат сите верни. Формална поделба во правилата за монаси, клир и лаици — не постои.
    Но, да му благодариме на Бога и за овој Велик пост, време за молитвено покајание, време на напрегнати усилби за наше преобразување, за закрепнување на нашата врска со Бога Кој се смири Себеси, станувајќи послушен дури до смрт, и тоа смрт на крст (Флп. 2:8).

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s