Свештеник – математичар доби награда за поврзување на математиката со Бога

Полскиот свештеник и математачар, кој ги преживеал нацистичката и комунистичката власт и одамна се обидува да ги помири науката и религијата – ја освои 2008 Templeton Prize, за дело во кое покажува како математиката може да даде посредни докази за постоењето на Бога.

Седумдесетидвегодишниот професор Мајкл Хелер, специјалист по космологија и философ, специјализирал математика и метафизика, вчера во Њу-Јорк ја доби премијата во износ од £820.000.

Теориите на професорот Мајкл Хелер не содржат толку докази за постоењето на Бога, колку што наведуваат да се посомневаме во материјалното постоење на светот окоу нас. Тој разработува сложена формула, која дозволува да се објасни сè, дури веројатност, по пат на математички пресметки.

Како што тврдат претставниците на Фондот Темплтон, кој ја дава премијата “За прогрес во истражувања или откритија во областа на духовните реалности” во текот на 35 години, истражувањата на професорот Хелер “ги прошириле метафизичките хоризонти на науката”. Сумата на премијата се корегира секоја година, за да биде поголема од сумата, што ја дава Фондот Нобел.

Кандидатурата на професорот Хелер ја поттикнал професорот Карол Мујжел, ректор на Јагелонскиот универзитет во Краков. “Неговата уникатност како творечки научник и верник мислител во науката внесува чувствување на трансцендентната тајна, а во религијата – поглед на Вселената со широко отворени очи на научник”.

“Тој го воведе важниот поим теологија на науката. Тој покажа, дека религијата која се изолира себеси од научните истражувања – е неубедлива, а науката која не признава други патишта за разбирање/спознание – е слепа”.

Во својата вчерашна изјава, професорот Хелер, професор на факултетот по философија во Папската академија по теологија во Краков, рече: “Ако прашуваме за причината на Вселената, ние треба да прашаме за причината на математичките закони. Постапувајќи така, ние се враќаме во големиот план на Божјата мисла за Вселената, на прашањето за последната причина (ultimate causality): зошто нешто, а не ништо? “Кога го поставуваме ова прашање, не прашуваме за причина како сите други причини. Ние го бараме коренот на сите можни причини.” “Науката е само колективен напор на човечкиот разум да го чита Божјиот разум од прашалниците, од кои ние и светот околу нас, како што изгледа, сме создадени”

Големо влијание како научник имал од Лајбниц, кој рекол: „Кога Бог пресметува и стварите ги обмислува, светот се создава.”

Џон Темплтон, претседателот на Фондот Џон Темплтон и синот на сер Џон Темплтон, кој го основал фондот во 1973 г., изјави: “Стремењето на Михаил Хелер кон подлабоко разбирање доведе до важни продори во религиозните концепции, а исто така ги рашири хоризонтите на науката”.

Хелер соопшти, дека својата премија ќе ја даде за изградба на новиот Центар Коперник во Краков, центар за истражувања во областа на науката и теологијата.

Крајот на времето?

– Работата на професорот Хелер се гради околу потрагата на фундаментална теорија на созданието. Неговите истражувања одат подалеку од Ајнштајн во областа на квантната механика, космологијата, физиката и чистата математика, вклучувајќи сопствена верзија на Хејзенберговата равенка. Иако неговата теорија не го докажува постоењето на Бога, тие можат да предложат посредни докази за неговото постоење.

– Ако Вселената има почеток, ние можеме да претпоставиме дека таа има Творец. Сепак, ако Вселената е автономна, немајќи ни граници, ни крај, тогаш нема ненма ни почеток, ни крај: таа просто постои. Каде пак тогаш е местото на Творецот?

– Професорот Хелер наступува против њутновата концепција на созданието, то ест против идејата за апсолутен простор и апсолутно време и за Бог кој ги создал енергијата и материјата.

– Тој им предлага на современите теолози да се вратат на традиционалната доктрина, согласно која создавањето на Вселената било акт надвор од просторот и времето.

Извор: The Times

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s