Недела на Православието

Првата Недела на Великиот пост се нарекува Недела на Православието – заради извршуваното торжеството на Православието во овој ден, што бил востановен во Византија во првата половина на IX век, во спомен на конечната победа на Православната Црква над сите ереси, што ја вознемирувале Црквата, и особенно над последната од нив – иконоборечката, осудена на Седмиот Вселенски Собор во 787 година.

Денот на Православието празнувајќи го, православни луѓе, прво да го прославиме Причинителот на сите добра – Бог Кој е благословен во вековите. Овој наш Бог, промислувајќи и утврдувајќи го Своето возљубено наследство – Светата Црква, утешувајќи ги праотците, што преку престап отпаднаа, со Своето нелажно слово, уште во рајот нејзината основа ја постави. Овој наш Бог, раководејќи кон она спасително ветување, Себе не се остави прикриен, туку спасението што требаше да настане го провозвести прво преку отците и пророците, живописувајќи го со различни слики. Овој наш Бог, многучестно и многуобразно некогаш говорејќи им на отците преку пророците, во овие последни денови ни говореше во Синот, преку Кого и вековите ги создаде, Кој ја возвести доброволноста на Отецот за нас, ни ги откри Небесните таинства, нè увери со силата на Светиот Дух за вистината на благовестието, ги испрати апостолите во целиот свет да го проповедаат Евангелието на Царството, ги утврди нив со различни сили и чудеса. Ова спасително откровение следејќи го, ова благовестие држејќи го;

Веруваме во едниот Бог Отец Седржител, Творец на небото и земјата, на сè видливо и невидливо. И во едниот Господ Исус Христос Син Божји, Еднороден, Кој од Отецот е роден пред сите векови: Светлина од Светлина, Бог вистински од Бог вистински, роден, не створен, едносуштен на Отецот, преку Кого сè настана. Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небото, и се воплоти од Светиот Дух и Mapија Дева, и се вочовечи. Кој беше Распнат за нас при Понтиj Пилат, и страдаше, и беше погребен. И Кој воскресна во третиот ден според Писмата. И Кој се вознесе на небото, и седи оддесно на Отецот, и повторно доаѓа со слава да им суди на живите и на мртвите, Неговото Царство не ќе има крај. И во Духот Свет, Господ Животворечки, Кој од Отецот исходи, Кој со Отецот и Синот е сопочитуван и сопрославуван, кој говорел преку пророците. Во едната Света, Соборна и Апостолска Црква. Исповедувам едно крштение за простување на гревовите. Го чекам воскресението од мртви. И животот на идниот век. Амин.

Ова е апостолската вера, ова е верата на отците, оваа вера е православна, оваа вера вселената ја утврди.

На црковнословенски:

Православия день празднующе, православнии людие, наипаче прославим Виновника всех благ Бога, Иже Сый благословен во веки. Сей Бог наш, промышляя и утверждая возлюбленное Свое достояние – Святую Церковь, праотцев, преступлением отпадших, утешая неложным Своим словом, еще в раи основание ей положи. Сей Бог наш, руководствуя ко оному спасительному обетованию, не прикровенна Себе остави, но хотящее быти спасение провозвести первее чрез отцев и пророков, живописа различными образы. Сей Бог наш, многочастне и многообразне древле глаголавый отцем во пророцех, в последок дний сих глагола нам в Сыне, Имже и веки сотвори, Иже возвести Отчее о нас благоволение, откры таинства Небесная, увери силою Святаго Духа о истине благовестия, посла апостолы во весь мир проповедати Евангелие Царствия, утверди оное различными силами и чудесы. Сему спасительному откровению последующе, сего благовестия держащеся,-

Веруем во Единаго Бога Отца, Вседержителя, Творца Небу и земли, видимым же всем и невидимым. И во Единаго Господа Иисуса Христа, Сына Божия, Единороднаго, Иже от Отца рожденнаго прежде всех век: Света от Света, Бога Истинна от Бога Истинна, рожденна, несотворенна, Единосущна Отцу, Имже вся быша. Нас ради, человек, и нашего ради спасения сшедшаго с Небес, и воплотившагося от Духа Свята и Марии Девы, и вочеловечшася. Распятаго же за ны при Понтийстем Пилате, и страдавша, и погребенна. И воскресшаго в третий день, по Писанием. И возшедшаго на Небеса, и седяща одесную Отца. И паки грядущаго со славою, судити живым и мертвым, Егоже Царствию не будет конца. И в Духа Святаго, Господа, Животворящаго, Иже от Отца исходящаго, Иже со Отцем и Сыном спокланяема и сславима, глаголавшаго пророки. Во Едину Святую Соборную и Апостольскую Церковь. Исповедуем едино крещение во оставление грехов. Чаем воскресения мертвых. И жизни будущаго века. Аминь.

Сия вера апостольская, сия вера отеческая, сия вера православная, сия вера вселенную утверди.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s