Јероним и неговото право

Црквата на Грција вчера остро реагираше на ставот на државата да им даде повеќе права на „слободните двојки” (тука не се мисли на хомосексуалците), изјавувајќи дека секоја друга форма на односи, освен Бракот на Правослвната Црква е рамно на „проституција.” Овај законски проект уште бил наречен „катастрофална бомба” поставена во темелите на грчкото општество.

Ставот на Св. Синод на Грчката Црква се разликува од позицијата на Грчкиот архиепископ Јероним, која тој ја сподели пред заседанијата. Минатата недела тој дал изјава, во која вели дека Црквата може да го искаже своето мислење за последиците од законот за слободно сожителство и неговата противоречност со христијанското разбирање на бракот, но не може да бара од државата да ги наметнува нејзините вредности на луѓе кои не ги споделуваат црковните гледишта. Запрашан на што се должи таа противречност, по крајот на заседанијата Солунскиот митрополит Антим одговорил: „Она беше мислење на еден човек, а официјалниот став е мислењето на останатите 13 членови на Синодот.”

За „Договорот за слободно сожителство” може да се каже дека ги изопачува самите основи на меѓуличностната врска и ги прави една договорена взаемна употреба на другиот. Токму, како што бракот го определил Кант: „Взаемна употреба на карактеристиките на другиот пол”. Со предметите за употреба не се приврзуваме, нив просто ги користиме. Тие се твоја сопственост, која законски ти е загарантирана.

Христијанската Света Тајна брак не е озаконување на „гревовната” сексуалност. Нагонот со напор се потчинува на слободата на целите на животот, кој е разбиран како љубовно општење. Христијанскиот брак ја потчинува сексуалната врска и сожителството на напорот за самонадминување и себепредавање, што се изобразува во еросната врска на Бога со човекот („за Христа и за Црквата”, како што се вели во Чинот на Светата Тајна Брак).

Кризата на современиот брак е оттаму, што аскетскиот карактер на љубовта, напорот за самонадминување и себепредавање веќе не е мерка и критериум за квалитетот на врската меѓу мажот и жената.

Конечно, дали треба да постои „граѓански брак”? Дури и во „христијанска” држава како Грција, луѓето не припаѓаат во „христијанската паства” со самото тоа што се нејзини граѓани. Ни меѓу христијаните, не се сите христијани. Во современите околности со оддалечување на државата од Црквата, јасно е дека Светата Тајна Брак не може истовремено да биде и државно-правен институт.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s