Може ли да постои христијанска астрологија?

natbig.jpgАстролозите тврдат, дека астрологијата е наука која може да ја претскажува иднината и дека добрата и совршена Божја волја може, се разбира, за соодветна парична сума, да се дознае од астролозите.

Современата академска наука не ја смета астрологијата за наука, но сепак астролозите претендираат на научен карактер на своите претскажувања. Терминот «астрологија» се појавил во средните векови. Во древноста астролози се нарекувае маговите, а астрологијата била елемент на магиските вештини. На прашањето, се исполнуваат ли претскажувањата на астролозите, ние ќе одговориме потврдно: да, се остваруваат. Така, евангелските маги, според ѕвездите определиле, дека се родил Царот Јудејски, но кога стигнале во Ерусалим, морале да се обратат кај книжниците и фарисеите, за да дознаат точно во кој град Тој се родил? «Каде се роди Царот Јудејски? Зашто, ние ја видовме неговата ѕвезда на исток и дојдовме да Му се поклониме». (Мт. 2,2).

Така, евангелскиот расказ за поклонувањето на магите сведочи за ограничените можности на астрологијата: некои претскажувања се исполнуваат точно, но не сите. Се поставува и друго прашање: каква е цената на тие претскажувања? Блажени Августин на оние, што сметале дека понекогаш хороскопите нешто претскажувале правилно, им одговарал: «Бидејќи тоа служи за заведување на луѓето, тоа се случува преку дејство на паднатите духови, на кои им се дозволува навистина да знаат нешто од областа на времените предмети, делумно затоа што тие имаат пофино чувство или пофини тела, благодарение на искуството заради својот долг живот. Затоа, вистинскиот христијанин е должен да се чува како од астролозите, така и од секакви гатачи, особено од оние што навистина погодуваат, но не за корист, туку за да ја заплеткаат душата со помош на демоните».

Светото Писмо нè предупредува: «Каква полза има човекот, ако и целиот свет го добие, а својата душа ја повреди? Или, каков откуп ќе даде човекот за својата душа?» (Мт. 16. 26,27). Еден од столбовите на Црквата, светителот Василиј Велики, решително настапувал против астрологијата: «А, во минутата на раѓање, како што велат тие, многу голема сила има да се биде под благотворна или под злотворна ѕвезда. Но, во овие зборои секако има многу неразумност, а најмногу нечестие. Зашто, злотворните ѕвезди причината за својата злотворност ја пренесуваат на својот Творец. Ако злото им е во природата, тогаш Творецот – е творец на злото. А, ако тие дејствуваат зло според своја волја, тогаш, како прво, тие се живи суштества надарени со слободна волја и намера. Ова да се тврди за недушевни нешта е врв на безумието. Затоа, колку несообразно со разумот е; злото и доброто да се доделуваат некому не според достоинството, туку ѕвездата да биде благотворна, затоа што се наоѓа во некоја полжба, и таа да биде злотворноа, затоа што слично, се наоѓа по некоја друга ѕвезда, и повторно да ја остави својата лошотија, ако се отклони од извесна фигура!

2. Aко принципите на порочните и добродетелните постапки не зависат од нас, туку се принудни, нужни според раѓањето, тогаш напразни се законите кои определуваат што треба да правиме, а што да избегнуваме, напразно постојат и судиите што ги наградуваат добродетелите и го казнуваат порокот. Излегува дека ни крадецот, ни убиецот, не се виновни за престапите, бидејќи и да сакале, не било можно да не постапат лошо, зашто на таа постапка неизбежно ги принудувала нужноста. Уште и земјоделецот ќе собере обилни плодови, без да фрли и семе во земјата, и без да коси, а трговецот ќе се збогати, акал или не сакал, бидејќи судбиата ќе му собере куп пари. А, големите надежи на христијаните ќе се обратат во ништо, бидејќи ни праведноста не ќе биде почитувана, ни гревот осуден, ако луѓето ништо не прават со слободна волја. Зашто, каде господари нужноста и судбината, таму нема никакво место за отплата според достоинството, што пак е основата на правосудството.”

За тоа пишува во «Основите на православната вера» и св. Јован Дамаскин: «Елините велат, дека со изгревањето, заоѓањето и доближувањето, ѕвездите, а исто така сонцето и месечината ги управуваат сите наши дела; со тоа и се занимава астрологијата. Ние пак, напротив, тврдиме, дека тие покажуваат предзнаци за дожд или бездождие, влажно или суво време, а исто и ветровите; но, тие никако не се предзнаци за нашите дејства. Всушност, ние сме создадени од Творецот слободни, и сме господари на нашите дела. А, ако ние сè правиме според текот на ѕвездите, тогаш, она што го правиме ние го правиме според нужност. А, она што се случува според нужност, не е ни добродетел, ни порок. Ако пак, ние немаме ни добродетел, ни порок, тогаш сме недостојни ни за награда, ни за казна, па и Бог ќе се покаже несправедлив, давајќи им на некои добра, а на други беди. Дури и повеќе: ако сè тече и се случува според нужност, тогаш Бог не го управува светот, ниту промислува за созданијата. Дури ни разумот нема да ни треба, зашто, ако немаме власт над никакво дело, тогаш нема ни за што да размислуваме. Меѓутоа, разумот нам несомнено ни е даден за промислување на нашите постапки, заради што секое разумно суштество е и слободно суштество. Затоа ние тврдиме дека ѕвездите не се причина за ништо што се случува во светот — ни за настанокот на настанатото, ни за загинувањето на она што загинува».

3. Астрологијата ја осудува и св. Јован Златоуст: «Кажано е дека и при Христовото Раѓање се јавила ѕвезда: тоа значи, велат тие, дека астрологијата е наука. Но ако, Христос се родил според астролошките закони, тогаш зошто тој ја истреби астрологијата, ја отфрли судбината, им ја затвори устата на демоните, ги прогони заблудите, и го урна магесништвото од секаков вид?» Св. Григориј Богослов пишува, дека астрологијата ја навредува Божествената Промисла: «Многумина, кои се родени под различни ѕвезди, имаат иста судбина и на море, и во војна. Оние што ги поврзале ѕвездите, не ги поврзал меѓу себе еднаков крај. А други, иако ѕвездите ги разделиле, биле соединети со ист крај» (Слово 5, за Промислата). Современиот живот сведочи за погубноста и крајната неразумност на оние, можеби несреќни луѓе, кои се обраќаат кон окултното знаење.

Христијанството учи, дека животот – е Божји дар и треба да се живее според Божјата волја. Христијанинот се стреми својот живот да го изгради според Божјата волја.

Да го поставиме и прашањето – во што е смислата и целта на христијанскиот живот? Во тоа ли; да се обидуваме со секакви средства да ја дознаеме својата иднина?

Преподобниот Ефрем Сириски вели: «Кога пристапуваш кон добродетелта, помни ја оскудноста на својот ум и не се отклонувај од Божјата благодат. Обидот да се дознаат детали за својата иднина противречи на самата слобода на човекот. Бог го створил човекот слободен и му дал заповеди. Господ сака, човекот да го наследи вечниот живот. Тоа и е Божјата волја за човекот и Господ му го дал на човекот сето знаење што му е неопходно за негово спасение. Несомнените факти за прозорливост односно пророкување на некои свети, сепак се случуваат според Божјата волја и заради огнена, силна молитва, на искрено обраќање кон Бога и заради високиот духовен живот на подвижниците, а не со гатање по небесните тела.

Астрологијата ја ограничува и Божјата слобода да го спасува човекот, укажувајќи му го спасителниот пат.

Живееме во сложено време. Многумина од нас немале можност да добијат никакво духовно воспитание и образование и затоа не претпоставуваат, колку опасности може духовниот свет да му предизвика на човекот. Повеќето современи немаат духовен иммунитет, па зато и толку често стануваат лесен плен на лукавиот. «Трезнете се, биде бодри, бидејќи вашиот противник ѓаволот оди, како лав што рика, барајќи некого да проголта » – предупредува св. Ап . Петар (1.Пет. 5,8). Апостолот вака зборува за опасноста – не за да нè преплаши, , туку за ние секогаш, секоја минута да бидеме подготвени да го одбиеме непријателскиот напад. Господ на секој човек му посакува само спасение. Тој го испрати во светов Спасителот, за да им ја открие на луѓето вистината за идниот живот, за покајанието, за вечните вредности.

Главно е – да се наследи Небесното Царство. Светите Отци ни оставиле многу укажувања; како тоа да се достигне. Меѓу сите нивни поуки нема препораки за ползување на астрологијата.

Затоа, за вистински христијански живот, астролошките претскажувања се непотребни и, според сведоштвото на Црквата, тие се грев. Врз основа на Светото Писмо, од искуството на светите луѓе, може да се потврди дека астрологијата не само што не помага, туку директно го попречува достигнувањето на главната цел – наследувањето на Небесното Царство. А, да се биде со Христа или да се биде со ѕвездите – избира секој посебно.

Избор и превод од: иерей Александр Ильяшенко „Возможна ли православная астрология?”

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s