Недела

По правило, пред Вечерната (богослужба) наспроти празник или воскресниот ден (Недела) секоја работа се остава. Подобро е, ако тоа е можно, да се поработи подолго претходниот ден, за во време и по празничната Вечерна да не се работи. Ако некој, заради голема потреба, изврши некоја мала работа вечерта во самиот воскресен и празничен ден, тоа е друго нешто. Но, и таквата лесна работа мора да се врши со расудување. Во старите времиња дури и земјоделците во полето, штом ќе дошло времето за Вечерната, се прекрстувале и ја прекинувале работата. Исто така постапувале и жените, кои соседски се собирале со ракоделијата крај своите домови. Тие станувале од клупите, се прекрстувале и ги оставале на страна везовите или другите работи. И Бог ги благословуваше. Тие беа здрави и и му се радуваа на животот. А, сега луѓето ги заборавија празниците, се оддалечија од Бога и Црквата, но на крајот, тие ги губат сите заработени пари по лекари и болници. Еднаш кај мене дојде еден отец и рече: “Моето дете често боледува, и лекарите не можат да разберат што се случува со него.” “Престани да работиш во неделите и сè ќе се среди” – му одговорив. И навистина, тој послуша и неговото дете веќе не се разболуваше.

Секогаш ги советувам луѓето да престанат да работат во неделите и на празниците, за да не ги снаоѓаат неволји. Сите можат да ја организираат својата работа. Целата основа – е во духовната чувствителност. Ако постои таа чувствителност, тогаш во секоја состојба се наоѓа излез. И ако тој излез повлече со себе некаква мала загуба, тоа е благослов; она што ќе го добијат тие луѓе, ќе биде удвоено. Сепак, многумина ова не го разбираат и не одат во неделите и празниците дури ни на Божествената Литургија. Божествената Литургија го осветува човекот. Ако христијанинот не оди во недела во црква, како ќе се освети?

Извор: старец Паисий: Люди работают по воскресеньям.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s