Клонирање – претпоставки и ризици

Клонирањето одамна не е тема од областа на научната фантастика. Тој метод на генетскиот инженеринг стана реален факт на нашиот живот. Клонирањето на човекот може да се случи во догледно време.

Постојат три различни типови на вештачко клонирање:

Клонирањето на ген произведува копии на генови или на делови од ДНК. Репродуктивното клонирање произведува копии на цели животни. Терапевтското клонирање произведува ембрионални клетки за експериментирање, заради создавање на ткива со кои би се замениле повреденни или изгубени ткива. Клонирањето на ген е познато и како и клонирање на ДНК.

Еден вид парадигма на клонирањето имаме во еднојајчените близнаци кои се вистински клонови, со исти гени. Kлонoт од тој тип може да се смета за „асинхрон близнак”.

Наспроти раширената заблуда, клонот не е целосна копија на оригиналот, зашто со клонирањето се копира само генотипот, но не и фенотипот на организмот. Овде е принципиелно ограничување – неможноста да се повтори сознанието/свеста. При клонирањето не може да стане збор за целосна идентичност меѓу изворните и клонираните индивидуи, (како што тоа се прикажува во некои филмови), туку може само да постои условна идентичност, чија мерка и граница се истражува.

Можеби повеќе треба за се зборува за биолошката небезбедност која со себе го носи обидот за клонирање, отколку за човечки клонови. Да се надеваме дека клонирањето на човекот, иако реално се заканува, сепак ќе остане само инспирација за белетристиката.

Опасностите од експериментите со клонирањето се “предизвикување на самата човекова природа и на Божјиот образ што е заложен во неа “. Слободата и уникатноста се неодделив дел на личноста. Новороденото дете не е репродукција на родителите, тоа е апсолутно нов носител (ипостас) на Божјиот образ. “Штанцањето” на луѓе со зададени параметри е посакувано само од приврзаниците на тоталитарни идеологии. Човекот, колку и да „си игра Бог”, не може да произведе личност. Човечкиот клон може да биде каква-таква копија на човек, но тоа нема да биде нова личност.

Црквата предупредува за психичките последици од таквите опасни експерименти: “копијата” на човекот не може да се чувствува себеси како самостојна и полновредна личност. Пропратен резултат на тие опити би биле и многубројни неуспешни животи и раѓање на потомство неспособно за живот.

Ризици

1) Ризик за здравјето или за мутација на гените. Кошмарот дека ќе се појават ненормални деца – лесно може да стане реалност. Дури и најновата технологија е премногу опасна. Останува опасноста дека генетскиот материјал, исползуван од возрасен, ќе се совпаѓа со возраста на клонираното дете, т.е. при раѓањето, клонираното дете ќе има остарени клетки (на пример, од 40 години). Биолошкиот часовник на клетките не запира и не се враќа, туку стареењето продолжува. Обидите за клонирање на животни довеле до раѓање на огромен број единки – изопачени и неспособни за живот. Притоа, човекот ќе ги уништува (непосредно за време на беременоста) клоновите, кои ќе му изгледаат несовршени.

Некои научници изјавуваат дека се откажуваат идејата за клонирање на човекот, затоа што виделе многу ужасни и непоправливи мутации кај клонирани крави, свињи, глувци и други животни.

2) Емоционален ризик – детето клон расте, но околу него се сосема други роднински врски: неговата мајка – е негова сестра, неговата баба – е негова мајка. Неговиот татко – е негов шура (зет).

Постојани би биле неподносливите емоционални притисоци на детето во обидот да стане личност. Клончето ќе се воспитува во сосема пореметена домашна атмосфера. Тоа не може да остане без последици за детската душа. Не ќе се најде психијатар, кој сите тие фактори ќе ги сведе на минимум.

3) Ризик од злоупотреба на технологијата. Во секое поколение имало и ќе има луѓе што се стремат да извлечат максимална корист за себе од клонирањето. Нечовечки сурово е да се создава ембрион, со единствена цел да се искористи за потребното ткиво.

* * *

Покрај сите реални опасности и стравувања, најчесто на „клонирањето” реагираме рефлекторно и преплашено. Во нас се појавува ирационален страв кој произлегува од можноста да бидеме заменети, што би претставувало смрт за нашиот идентитет. Стравот од смртта, конечно, е страв за судбината на нашиот идентитет.

Секако, клонирањето не е природно. Но, многу нешта во нашиот живот не се природни. Не е природно за човекот ни да лета. И не е начелно лошо сè што е неприродно, се разбира, додека не стане противприродно. А, клонирањето е многу драматичен и непредвидлив процес со голема веројатност за уште понеповолен резултат.

Во клонирањето на луѓето се гледа не само лекот на сите болести, туку и конечното избавување од смртта. Современата биологија со насоките на својот развој потврдува дека човекот е создаден за бессмртност. Но, од друга страна – само за бессмртност на клетките ли се интересира човекот?

Овде се наметнува и прашањето за квалитетот на клеточната бессмртност: Ќе се зачува ли биолошката идентичност на телото по “воскресението од мртвите” или ќе се случи негово преродување? Мнозинството учители на Црквата се приклонуваат кон можноста телото да биде преродено, “според начинот” како што беше преродено телото на Христос во “духовно тело”.

Вечноста на човечкиот живот се состои; не во “бессмртноста на телото” и дури не во “бессмртноста на душата”, туку – во Божјата љубов кон човекот и во човековата љубов кон Бога. “Секој што живее и верува во Мене, нема да умре во вековите” (Јн. 11, 26).

Бессмртноста како цел на новите технологии – е бессмртност на болни “мртовци”. Бессмртноста за идеолозите на “ремонтирањето” на човекот со помош на “резервни делови” од човекоподобните суштества е – изопачена форма на инстинктот за самозачувување. Самозачувувањето притоа се разбира како врвна цел, за чие достигнување се погодни сите можни и неможни средства.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s