Благовештeние на Пресвета Богородица

Благовештeнието е ден на добрата вест за тоа, дека во целиот човечки свет се нашла девојка која толку му верувала на Бога, која била толку длабоко способна за послушност и за доверба, што од неа ќе може да се роди Божјиот Син. Воплотувањето на Божјиот Син, од една страна, е дело на божјата љубов, на крстната, љубовната и спасителна љубов, и на Божјата сила. Но, истовремено, воплотувањето на Божјиот Син е дело на човековата слобода: свети Григориј Палама вели дека; „воплотувањето би било исто толку неможно без слободната човекова согласност на Божјата Мајка, како што тоа би било неможно без творечката Божја волја.” И во овој ден на Благовештението, ние во Божјата Мајка ја созерцуваме Дева, која со сето срце, со целиот ум, со сета душа, со целата своја сила умеела да му се довери на Бога до крај.

Добрата вест била навистина страшна: појавата на ангелот, оној поздрав; „Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба” не можеле да не предизвикаат, не само восхит, не само трепет, туку и страв во душата на Дева која не познала маж – како тоа можело да биде?

И овде ние ја согледуваме разликата помеѓу колебливата, макар и длабока вера на Захарија, таткото на Претечата, и верата на Божјата Мајка; на Захарија, исто така, му било возвестено дека неговата жена ќе роди Син, на природен начин, макар и без оглед на нејзината старост, и неговиот одговор на таа вест: „Како тоа може да се случи? Тоа не може да биде? Со што можеш тоа да го докажеш? Каква потврда можеш да ми дадеш?…” Божјата Мајка го поставува само прашањето: „Како тоа може да се случи со мене, бидејќи јас сум девствена?…” И на одговорот на ангелот дека тоа ќе се случи, таа одговорила само со зборовите на целосното себепредавање во Божјите раце, со нејзините зборови: „Јас сум слугинка господова, нека ми биде според твојот збор.”

Зборот „слугинка” во неговата денешна употреба, означува поробеност. Во словенскиот јазик „слуга” се нарекувал себеси човекот што својот живот, својата волја, ги предавал на друг. И таа навистина својот живот му го предала на Бога, својот живот, својата судбина, примајќи ја со вера – односно со несфатлива доверба – веста за тоа дека токму таа ќе стане Мајка на воплотениот Божји Син. За неа праведната Елисавета вели: „Блажена е таа што поверува, зашто ќе и’ биде она што Господ и’ го кажа…”

Во Божјата Мајка ние наоѓаме восхитувачка способност на доверување на Бога до крај. Но, таа способност не е природна: таква вера во себе може да се искова со подвигот на чистотата на срцето, со подвигот на љубовта кон Бога, со подвиг – како што велат отците: „Пролеј ја својата крв и ќе го примиш Духот…” Еден од западните писатели вели дека; воплотувањето станало можно, кога се нашла израилска девојка што со целото срце, со целата мисла, со целиот свој живот, можела да го произнесе Божјото име така, што тоа станало плот во нејзината утроба.

Еве ја благовеста што ние сега ја слушавме во Евангелието: Човековиот род ја родил, ја принел како дар на Бога, девојката што во својата царствена човечка слобода била способна да стане Мајка на Божјиот Син, кој слободно се предаде Себеси за спасение на светот. Амин.

Извор: Митрополит Сурожский Антоний, „Благовещение Пресвятой Богородицы”

Прилози: Событие Благовещения, Литургическое освещение праздника.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s