Тајната на страдањето на Спасителот, смртта на крст и Tајната на спасението

Од Евангелието е очигледно дека страдањето на Богочовекот е неопходно за спасението на човековиот род. Зашто, Богочовекот изјавува дека целта на неговото страдање е – спасението на светот: „За тоа дојдов во овој час”.

Целиот живот на Спасителот на земјата претставува едан постојан подвиг на страдање за спасението на светот. Не можел да не страда постјано Богочовекот кој секој миг пред своите севидни очи ги имал сите гревови, пороци и злосторства на сите свои современици, како и на сите луѓе од сите времиња. „Често се случувало – вели св. Јован Златоуст за Спасителот – да Го видат како плаче, но никој никогаш не го видел да се смее или барем насмевнува. Затоа никој од евангелистите тоа и не го спомнува.”

Сите страдања на Господ Исус го достигнуваат својот страшен, но и спасоносен врв во неговата смрт на крстот. Toа е причината што Тој ита кон смртта како кон извршување на спасението на светот, говорејќи: „Јас дојдов во овој час, да примам смрт за сите”.

Во крстната смрт на Спасителот доаѓа до својот врв неговата неизмерна лубов кон човекот. Затоа и крстот се издвојува како врв на Богочовековото спасување на светот. Крстот е синтеза на сето тоа.

Низ сите свои страдања Господ Христос ја води човековата природа кон спасението. Како претставник на целото човештво, бидејќи беше вистинит Бог и вистинит човек, Тој во сите свои борби и маки се бореше и се мачеше за спасението на целиот човечки род. Всушност, Тој ги отстрада сите човекови страдања и маки. Затоа велеше и тагуваше: „Нажалена е мојата душа до смрт”.

Преживувајќи го тоа за сите луѓе и наместо сите луѓе, Тој плачеше и тагуваше над гревовите на целиот свет и се молеше до крвава пот. Сето тоа Тој не го правеше заради себе, туку заради човековиот род, чиј гревови, страдања и смрт ги зеде на себе.

Со своето богочовечко страдање Господ ги освети и осмисли човековите страдања. Неговото страдање има спасоносна и животворна сила и значење за целото човештво, бидејќи е богочовечко. Тој низ него ја преведува човековата природа од ропство во слобода, од смрт во живот.

а) Откупувањето од Богочовекот

Бидејќи во сè безгрешен, Господ Христос не можеше да умре, зашто смртта е последица на гревот, плата е за гревот. Но, иако заради својата божествена безгрешност е бесмртен, Господ доброволно ја прими смртта за луѓето кои таа заради нивниот грев ги пустошеше и со својата откупителна жртва стана Откуп и Спасител на човековиот род од гревот и смртта.

Доброволно пролеана за луѓето – Христовата крв има бескрајна вредност пред Бога, затоа што тоа е крвта на Богочовекот. И само како таква таа го откупува човековиот род од гревот и смртта и го преведува во бесмртноста и вечниот живот.

Преку гревот човекот многу ја оштетил својата боголика душа, ја расипал, ја помрачил и делумно ја изгубил. Ниту едно од створените битија не можело да ја откупи и спаси. Единствената сила, а со тоа и единствената вредност, со која може да се откупи огревовената, изгубената човекова душа е – безгрешната душа на Богочовекот Христос. Нејзината семоќна откупителна и спасителсна сила лежи во нејзината безгрешна сечистота и божествена севредност од една страна, и во нејзината природна сродност со човековата душа од друга страна. Затоа Спасител и објавил дека дошол: да ја даде својата душа како откуп за многумина.

Спасителот тоа го направил со својот живот, а особено со својата крстна смрт и со воскресението. Положувајќи ја доброволно својата душа за спасение на луѓето, Спасителот со сепобедната сила на нејзината безгрешност и севредност ја откупи човековата душа, продадена на гревот и смртта.

б) Победата на Богочовекот над гревот, cмpтта и ѓаволот.

Гревовите се производ на ѓаволот. Безгрешниот Богочовек го победи не само гревот, туку и самиот творец на гревовите – ѓаволот. Целиот богочовечки домострој на спасението ја има за цел: победаа над ѓаволот како над врвен творец и самобитен татко на гревот и злото. Затоа апостолот Павле вели: „Бидејќи луѓето имаат тело и крв, така и Бог Логосот зеде учество во тоа – со смртта го сотре оној што ја има смртната сила, то ест ѓаволот”.

Бог Логосот и се јави во овој свет како човек за да го сотре ѓаволот, неговата сила – гревот, а преку него и самата смрт (Ев. 2,14-15).

Со својата крстна жртва Господ на човековата природа и даде богочовечка сила, со која луѓето се избавуваат од секое зло и беззаконие. Бидејќи Спасителот сета своја спасоносна и животворна сила ја сосредоточил во крстот, крстот стана Негов знак и на земјата и на небото, знак по кој Го познаваат и распознаваат сите земни и небесни битија.

в) Тајната на слегувањето на Спасителот во адот и Тајната на спасението.

Господ Христос со својот богочовечки домострој на спасението ги опфати сите човечки битија – не само во сегашноста, туку и во минатотото и иднината. На тој начин Тој стана Спасител на целиот човеков род. Вистинити се зборовите на св. Иринеј: „Христос дојде не само заради оние што во времето на императорот Тибериј поверувале во Него, и Отецот промислувал не само заради оние што сега живеат, туку за сите луѓе воопшто, кои од почетокот биле богобојазни и го сакале Бога, и праведно и побожно се однесувале кон ближните и сакале да го видат Христа и да го слушнат Неговиот глас.

Слегувањето на Спасителот во адот – местото во кое престојувале душите на сите луќе кои живееле и умреле пред Неговото доаѓање во овој свет – било природно, неопходно и логично. Спасителот слегол во адот со својата човечка душа и тоа слегол додека неговото тело лежело мртво во гробот.

Своето слегување во адот, Спасител го проследил со својата проповед на она исто Евангелие што го проповедаше на земјата. Зашто, истото Евангелие важи за сите луѓе и во овој свет на земниот живот и во светот на смртта – во адот; истото Евангелие и истото спасение. Апостолот Петар јасно кажува дека Спасителот им го проповедал на душите во адот своето Евангелие за спасението.

Слегувањето на Богочовекот Христос во адот го означува уништувањето на смртта, победата над адот и ѓаволот, и власта над нив. Toа го покажуваат зборовите од апостолот Јован, дека Господ Христос ги има клучовите од адот и смртта. Адот во кој Господ слегол, во кој престојувале и праведните души, е царството на смртта, живеалиштето во кое се чувствувала онаа тага, немоќ, болка и жал, кои завладеале со човековата природа заради гревот.

За спасоносната сила на Господ Христос Црквата пее: „Кога Господ Христос беше распнат, ѓаволот беше врзан, и смртта беше умртвена, а душите што беа во адот држани, се ослободија од оковите.”

Избор од; архимандрит Јустин (Поповић), „Тајне вере и живота”

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s