Влегување Господово во Ерусалим

По чудесното воскреснување на Лазар, шест денови пред еврејскиот празник Пасха, Исус Христос тргнал кон Ерусалим. Многумина од народот со радост го следеле Исуса и биле подготвени да го Му укажат почести какви во древните времиња на Исток им биле укажувани на царевите. Eврејските првосвештеници пак, негодувајќи против Исус заради тоа што Тој кон Себе предизвикувал невообичаена почит од народот, намислиле да Го убијат – и Него, но и Лазар, кого што Христос го воскресна, „бидејќи заради него многумина од Јудејците доѓаа и поверуваа во Исус”.

Тогаш се случило нешто неочекувано за нив: «Многу народ, насобран за празникот, кога слушнале дека Исус пристигнува во Ерусалим, зеле палмови гранки, излегле да го пречекаат со извици: «Осанна! Благословен е тој што доаѓа во Името Господово, Царот на Израил!»

Овој ден – е торжествен и светол и претходи пред радоста на Светото Христово Воскресение. На празникот на Влегувањето на Господ во Ерусалим силно засветлува славата на Христа како Семоќен Бог и како Цар, син Давидов, Владетел. Во овој ден Црквата го споменува и празнува тоа, дека евреите што дошле во Ерусали за празникот Пасха го пречекале Исуса кака Месијата, како Пророк, како голем чудотворец, зашто сите дознале дека Тој пред еден ден го воскреснал четиридневниот Лазар. Многумина ги постилале своите облеки, сечеле гранки од палмите и ги фрлале на патот пред Христа, децата го поздравувале Мессијата. „Исус пак, кога најде младо осле, седна на него, како што е напишано: Не плаши се, ќерко Сионова! Еве, твојот Цар доаѓа, седејќи на младо осле”.

Христос го потврдува духот на Своето учење и при влегувањето во светиот град. Ова Христово влегување во Ерусалим истовремено е и торжествено и смирено. Торжествено е – зашто секоја човекова душа, нерасипана од злобата и зависта, го претчувствувала наближувањето на Небесното Царство на земјата преку благодатта и совршената Христова љубов. Смирено е – зашто Царот доаѓа седнат на осле, за да преку Своето смирение да ја уништи сатанската гордост и човечката суета. Тој не еднаш ги предупредувал Своите ученици, дека Синот Човечки треба многу да пострада од луѓе беззаконици, да биде фатен, понижуван, распнат, да претрпи сурова смрт на Крст и да биде положен во гроб. И тогаш да воскрсне од мртвите, возвестувајќи го сеопштото возкресение. Толпата, како и секогаш, и тука се покажува како безлична, безформна маса. Во сложните извици „Осанна” (што значи: „Молиме, спаси нè”) се криел некаков злозвук, зашто многу бргу, само неколку денови подоцна, истите гласови врескале: „Распни Го!” Поттикнувани од книжниците и фарисеите, луѓето ги замениле палмовите гранки со стапови со кои гневно претеле против Господа. Но, од каде е таа свеченост при влегувањето на Господа во Ерусалим? Зошто е тоа воодушевување, зошто почести и пофалба? Затоа што Христовите дела веќе били разгласени не само во Јудеја, туку и во околните земји. Чудесата, исцелвањата, милосрдието, љубовта и светоста, а не гласници, го разгласувале доаѓањето на Синот Божји. Особено бргу се распространило сведоштвото за чудесното воскреснување на четиридневниот мртов Лазар од Витанија кое било извршено само еден ден пред влегувањето во светиот град. Преку тоа чудо Христос ја посведочил и Својата скорешна смрт и Воскресение; покажал, дека Самиот Тој е воскресението и животот. Но, прво требало да пострада ­ за целиот човечки род, за сите нас.

Од утре стапуваме во страстните односно во страдалните Господови денови, во време, кога се згустила темнината на гревот и кога се најавува зракот на новата светлина, зракот на вечноста, која е достижна само за оние, што заедно со Христа влегуваат во таа темнина, за заедно со Него и да излезат од неа, да воскреснат со Неговото светло Воскресение.

„На небесата носен на престол, а на земјата на осле, Христе Боже, од ангелите фалење и воспевање си примил од децата, кои Ти извикуваа: благословен си Ти што идеш Адам да го повикаш.”

„Ние кои со Тебе се погребавме во крштението Христе Боже наш, за бесмртен живот се удостоивме со Твоето воскресение, и воспевајќи велиме: Осанна во висините, благословен е Тој што иде во името Господово.”

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s