Страдалната седмица

Привршува уште еден Велик пост во нашиот живот. Постот литургиски завршува во петокот од шестата седмица, кога утрото (тогаш се служеше Вечерната богослужба соединета со Литургија на Предосветени Дарови), во стихирите на «Господи, воззвах» се пее: „Душеполезную совершившие Четыредесятницу, и святую седмицу страсти Твоея просим видети, Человеколюбче, еже прославити во ней величия Твоя, и неизреченное нас ради смотрение Твое.”

Страстната седмица не спаѓа во Великиот Пост но, од апостолските времиња овие седум денови биле длабоко почитувани од христијаните со најстрого воздржување и сесрдечна молитва. Стапувањето во Страстната седмица — е голем настан, во кој треба да го молиме Бога, да нè удостои да станеме причестници на настаните од последните денови од земниот живот на Спасителот; Неговите страдања на Крстот, смртта и погребувањето.

Според сведоштвото на светителот Јован Златоуст, христијаните од првите векови во Страстната седмица ги удвојувале вообичаените подвизи на постот. Тие, подражавајќи го Господа, се труделе да бидат добри и снизходителни кон немоќите на своите ближни и да творат повеќе дела на милосрдие. Тир сметале дека е неприлично не само да се осудува некој, туку во овие денови и ги прекинувале сите тужби, судови, казнувања и дури ги ослободувале привремено од затворските окови виновните за полесни престапи.

Во овие свети денови не се врши ни празнувањето на светите, не се прават ни помени за упокоените. Учествувајќи во страдањата на Спасителот, сообразувајќи се со Неговата смрт (Флп. 3, 10), црковното богослужење прима карактер на тага и скрушеност — «сострастие/сострадување» со Христовите страдања.

Во среда вечерта завршува великопосното богослужение, во песните замолкнува плачот и тагувањето на грешната душа и настапуваат денови на поинаков плач – плач од созерцувањето на ужасните мачења и крстните страдања на Самиот Син Божји. Истовремено и други чувства — неопишана радост за своето спасение, безранична благодарност кон Божествениот Откупител — ја преполнуваат душата на верниот христијанин.

На Велики четврток се споменува најважнниот евангелски настан: Тајната вечера, на која Христос ја востановил новозаветната Света Тајна Причестување (Евхаристија). Вечерта на Бдението се читаат двенаесетте делови од Евангелијата за страдањата на Исус Христос.

На Велики петок за време на Вечерната богослужба се изнесува од олтарот и се поставува на средината од храмот Плаштаницата – платно на кое е претставен Спасителот во гробот. Тоа се врши за спомен на симнувањето на Христовото тело од крстот и Неговото погребување.

На Велика Сабота на Утринската богослужба со погребално биење на камбаните и со пеење: Святый Боже, Святый Крепкий, Святый Бессмертный, помилуй нас– плаштаницата се носи околу храмот за спомен на слегувањето на Иисус Христос во адот и за Неговата победа над адот и смртта.

Во православните календари се забележуваат две традиции на постот за Велика Сабота. Според едната; Велика Сабота е строг пост (без масло), а според другата на Велика Сабота се јаде храна со масло. Во првата доаѓа до израз аспектот на Погребениот, умртвениот Христос, а во втората посилно се најавува Победата над смртта и Светлината на Воскресението. Всушност, по отпустот на св. Литургија на св. Василиј Велики се благословуваат (или, се благословувале) пет лебови и вино – во спомен на тоа дека древните христијани, останувајќи во храмот по великосаботната Литургија до пасхалната Утрена, се поткрепувале со осветен леб и вино за подвигот на бдеењето во таа свештена и спасителна ноќ – предвестничка на светлозарноиот ден на Воскресениието.

Слична разлика се сретнува и во случајот со Велики Четврток. Како за ден на востановување на Светата Тајна Евхаристија, во Богослужбата од Посниот Троид се вели: „На трапезе же причащаемся вина и елеа /масло/.” Но, во повеќето (т.е. сите што можев да ги видам) православни web календари, за Велики Четврток е предвиден строг пост.

Според величината и важноста на настаните, секој ден во оваа седмица се именува Велик. Црковните служби ги претставуваат сите настани од последните денови на Спасителот кои се извршуваат пред нас, и ние умно ја минуваме целата величествено-трогателна и наѕидателна историја на Христовите стадања. Светата Црква нè повикува оваа седмица да оставиме сè суетно и световно и да го следиме нашиот Спасител.

Коj сака во полнота да го прослави Христовото Воскресение – Пасха, тој не смее да ги пропушти Велики Четврток, Погребувањето (Плаштаницата) на Велики Петок, и „малата Пасха”, како што уште се нарекуваат Вечерната и Литургијата на Велика Сабота.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s