Во храмот на Гробот Господов во Ерусалим слезе Благодатниот оган

Ерусалим, 26 април. Во храмот на Гробот Господов во Ерусалим слезе Благодатниот оган – јавува дописникот на РИА Новости.

Сите свеќи и светилници во храмот претходно беа изгаснати. Оганот се запали по молитвите на Патријархот Ерусалимски Теофил и илјадниците поклоници, кои денес го исполнија храмот на Гробот Господов, плоштадот пред него и околните улици.

Светиот оган се појави во Кувуклија – параклис во храмот, над каменот на кој во Велика Сабота било положено погребеното Тело на Христос.

Патријархот Теофил се наоѓаше во Кувуклија сам, без никакви средства за вештачко добивање оган.

Откако очекуваното годишно чудо наспроти Пасха се случи, Патријархот Ерусалимски веднаш го предаде Благодатниот оган на верните во Кувуклија.

Слегувањето на Благодатниот оган останува необјаснива тајна. Христијаните веруваат во неговото чудесно, божествено потекло. Согласно историските сведоштва, оганот се појавува во Кувуклија само по молитвата на православниот Патријарх.

Церемонијата на добивањето на Благодатниот оган (литанијата) започнува од рано утро и се состои од редица ритуали, вклучително и прегледувањето и запечатувањето на Кувуклија. Порано тоа го правеле турските стражари, сега – полицијата. (Прилог: Фото)

This is footage of the miraculous appearance of the Holy Fire, Saturday April 26, 2008, in Jerusalem at the Orthodox Church of the Holy Sepulchre. The miraculous appearance of the Holy Fire occurs every year on Holy Saturday in the Church of the Holy Sepulchre in the Old City of Jerusalem. Holy Saturday is the day before Orthodox Pascha, the celebration of the Resurrection of Jesus Christ. The Holy Fire appears when the Patriarch of Jerusalem enters a small marble structure built over Christ’s actual, historic tomb. He enters inside, closes the door, and two large candles are miraculously lit as he is uttering prayers. When he exits the tomb he uses his lit candles to light the candles of pilgrims, who in turn light other pilgrims’ candles. The Holy Fire doesn’t burn, as one can witness when the pious pilgrim in the video (27 second mark) moves his flame back and forth over his face and neck. The Holy Fire is later transported on chartered flights to Athens, Russia, Bulgaria and other Orthodox countries. Christ is Risen! Khrishti unjal! Khristus anahgrecum! Khris-tusaq ung-uixtuq! Kristos tenestwal! Crist aras! El Messieh kahm! Kristos haryav ee merelotz! Hristolu unghia! Xristosi banuytashtch’ey! Hristos voskrese! Khrystos uvaskros! Helisituosi fuhuole! Christos anesti! Kristus vstal a mrtvych! Kristus er opstanden! Christus is opgestaan! Christos tensiou! Kristo levigis! Kristus on oolestoosunt! Christos t’ensah em’ muhtan! Kristus nousi kuolleista! Le Christ est ressuscite! Kriost eirgim! Kriste ahzdkhah! Christus ist erstanden! Christos anesti! Ua ala hou `o Kristo! Ha Masheeha houh kam! Kristur er upprisinn! Kristus telah bangkit! Cristo e’ risorto! Harisutosu Fukkatsu! Kristus sampun wungu! Kristo gesso! Christus resurrexit! Kristus ir augsham sales! Kristo ajukkide! Christu uyirthezhunnettu! Jesu Kristi ebiliwo! Kristus er oppstanden! Khristus zmartvikstau! Cristo ressuscitou! Cristos a inviat! Khristos voskrese! Kristo’pastitaha! Cristos vaskres! Kristus vstal zmr’tvych! Cristo ha resucitado! Kristo amefufukka! Christus ar uppstanden! M’shee ho dkom! Xristos Kuxwoo-digoot! Hristos diril-di! Kristo ajukkide! Khristos voskres! Atgyfododd Crist! Xris-tusaq Ung-uixtuq! Ukristu uvukile!

2 thoughts on “Во храмот на Гробот Господов во Ерусалим слезе Благодатниот оган

  1. Навистина воскресна!

    Навистина „добро е да се фали Господ”, иако тoa не мора задолжително да биде римувано. 🙂 Х.Јанарас во текстот „Слободата како надеж” вели дека Христос не воскреснал оти „му се може”. Колку и да изгледа чудно на прв поглед, неговото тврдење е длабоко теолошки засновано. Христос воскресна заради целосното себе-предавање на Отецот („Оче, во Твои раце го предавам својот дух”). Отецот го воскресна Својот Син. Секој Христов акт беше послушание, па послушание кон Отецот е и Неговото Воскресение. Не е во прашање самовласноста на Синот, никој не тврди дека Христос немал моќ да воскресне, туку велиме дека Воскресението не е демонстрација на моќ, туку резултат на едно саможртвено предавање и примање.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s