Христовото Воскресение и приговорите против него

Иако Христовото Воскресение несомнено е историски настан, посведочен посилно од било кој настан во историјата на човекот, иако неговата вистинитост најкритички и најнемилосрдно е проверена и докажана, иако тоа е темел на Христијанството, сепак Христовото Воскресение се порекнува од страна на негативната критика.

Негативната критика создала хипотези со чија помош сака да ја докаже невистинитоста на Христовото воскресение. Од тие хипотезинајглавни се:

  1. хипотезата за крадењето на мртвото тело на Христос,
  2. хипотезата за клиничката смрт и летаргичниот сон и
  3. визионaрно-халуциниската хипотеза.

1) Според хипотезата за крадењето на мртвото тело Христово: Апостолите го украле христовото тело, а потоаобјавиле дека тој воскреснал.

Оваа хипотеза е заснована на една лага која ја измислиле Христовите непријатели, за да го скријат и оспорат фактот на Христовото воскресение. Самите евангелисти пишуваат за тоа отворено и јасно: ,,Кога Христос воскресна, стражарите што го чуваа гробот дојдоа во градот и им кажаа на јудејските првосвештеници се што се случило.Овие се состанаа со старешините, се договорија, им дадоа на војниците доволно пари и им рекоа; речете; неговите ученици дојдоа ноќе и го украдоа додека ние спиевме. И ако за ова слушне прокураторот, ние ке го смириме и ке направиме да не ви се случи ништо. А тие ги зедоа парите и направија како што им рекоа. И се разгласи овој збор меѓу евреите до денешен ден” (1).

Оваа лага, скована од Христовите непријатели, станала, значи, хипотеза со која се прави обид за да се објасни Христовото воскресение. Но, лагата останува лага, па дури и да се облекува и преоблекува во безброј силогизми. Прад сè, ако Апостолите го украле Христовото тело, постои една неособорлива физичка пречка. Тоа е силната стража на запечатениот и утврден Христов гроб. А, гробот го утврдиле и запечатиле најлутите Христови непријатели – еврејските првосвештеници и старешини со помош на римските стражари кои ги добиле од Пилат. А, тоа (првосвештениците и старешините) го постигнале на тој начин што пред Пилат употребиле лага, која по Христовото воскресение ја претвориле вообјаснување за воскресението. Евангелистот пишува: „Утредента по петокот, се собраа првосвештениците и фарисеите кај Пилат и рекоа – Господару, се сетивме дека оној лажливец (Исус) уште за време на животот рече: По три дена ќе станам, па затоа заповедај до третиот ден да се осигура гробот, за да не дојдат неговите ученици и да го украдат и да му кажат на народот – Стана од мртвите – и последната лага да биде полоша од првата. И им рече Пилат: Еве ви стража, одете и осигурајте го гробот со запечатен камен и стража” (2).

Но, оваа хипотеза не е само нелогична, туку е и смешна. Како Апостолите можат да го украдат телото на Исус од утврдениот и запечатен гроб, тие кои како плашливи бегалци се разбегаа од живиот Христос уште кога беше фатен и изведен пред суд, Апостолите – за кои евангелистот вели дека на самиот ден на воскресението биле собрани во една соба и заклучени заради страв од евреите (3). Ако Апостолите навистина го украле Христовото тело, и ако Христовото воскресение не се случило, зарем еврејските старешини само би им забраниле на Апостолите да го проповедаат името Христово, а да не ги изведат на суд и одговорност?

Оние кои самиот Исус го осудија со лажни сведоштва, зарем и неговите ученици не би ги осудиле на смрт, ако навистина го украле мртвото Христово тело па почнале да проповедаат дека воскреснал?

Каква корист би имале Апостолите од мртвото Исусово тело и за што тоа би служело? Што е најважно, мртвото тело не би можело ниту да ја предизвика, ниту во нив да ја заснова верата во Христовото воскресение и од плашливци да ги преобрати во бестрашни проповедници и исповедници на Воскреснатиот Христос.

Тие со невидена радост оделе на страдање и смрт за Воскреснатиот Хистос, кој им давал сила и радост во страдањето и умирањето за Него. А сето тоа не би можело да го прави мртвото Исусово тело.

2) Според хипотезата за клиничката смрт и летаргичниот сон: Исус Христос на крстот не умрел, туку паднал во летаргичен сон и бил речиси мртов. И како таков бил закопан. Во гробот се освестил, излегол од него и со текот на време заздравувал од раните и изнемоштеноста. Изнемоштен, понекогаш им се јавувал на своите ученици.

Оваа хипотеза не може да се одржи во светлната на историските факти. Пред сè, Христос пред самото распнување бил камшикуван и тепан, плукан, мачен и од тоа бил толку изнемоштен, што не можел да го носи својот крст. Толк изнемоштен и измачен, бил распнат. Тој издивнал на крстот и вистински умрел. Тоа го проверил искусниот капетан на стражата и самите стражари Евреи, за да се уверат дека Христос навистина умрел и го молеле Пилат да дозволи да им ги прекршат колената на распнатиот Исус и на разбојниците. Војниците им ги скршиле колената на разбојниците, а кога дошле истото да му го направат на Исуса, виделе дека веќе умрел, па не му ги прекршиле колената, туку „еден од војниците му ги прободе ребрата, од кои потече крв и вода” (4). Ако се претпостави дури и тоа, дека ниту на крстот не издивнал Исус, доволно би било неговата смрт да биде предизвикана од прободувањето со копјето. Според тоа, ако од клиничката смрт се освестил и излегол од гробот, се поставува прашањето, како тој со раните од клинците на нозете и рацете, целиот изнемоштен, веднаш презел долги патувања, јавувајќи им се на учениците во Јудеа и Галилеја?

Ако оваа хипотеза е точна, како тогаш може да се објасни верата на Апостолите во Христовото воскресение и во Неговиот бесмртен и вечен живот по воскреснувањето? Освен тоа, Исус бил толку вистинољубив, што никогаш не би дозволил неговите ученици; нивниот труд и Евангелието да го засноваат на лага. Зашто, тие тврдат за Него дека „лага не се најде во неговата уста” (5).

Огнената вера на Апостолите во Христовото воскресение и нивната бестрашна проповед на Христовото Евангелие се несоборлив доказ дека тие со сите средства се осведочиле и се увериле дека Христос навистина воскреснал, дека навистина ја победил смртта.

3) Според визионарно-халуцинациската хипотеза: Исус Христос умрел и бил закопан, но не воскреснал. Неговите ученици никако не можеле да се помират со тоа дека засекогаш исчезнал нивниот омилен учител, па водени од љубовта кон учителот, ним им се причинило дека го виделе Христос – воскреснат и жив.

Сеќавањето на старозаветните пророштва, сеќавањето на зборовите од самиот учител – дека по три дена ќе воскресне, растроеноста на карактерот, сето тоа придонело кај учениците да се појават халуцинации. Во душата на егзалтираната Магдалина светнала првата искра на верата. Таа искра при допирот со учениците, се развила во голем пламен кој кај нив предизвикал халуцинации (6) и тие своите сопствени претстави за Исусовото воскресение ги прифатиле како вистински, објективен факт.

Оваа теорија нема ниту псхолошки, ниту историски услови за да може да биде вистинита. Познато е дека Апостолите биле преплашени од сето тоа што се случило со Христа. Во нивната душа владеел и преовладувал – стравот. Тоа чувство ја оневозможувало и најмалата вера во Христовото воскресение, а не пак ентузијастичка вера, вера што би го змислила Христовото воскресение и уште на таа измислица да се изгради огромната зграда на историското Христијанство. Од нивната психолошка состојба било далеку секое очекување на Христовото воскреснување. Тоа јасно се гледа од напорот на воскреснатиот Спасител кој сакал вистинитоста на своето воскреснување (со своето тело) да им ја докаже со најопипливи и најочигледни средства.

Омалаксани со сето свое битие, учениците си префрлаат: „А ние се надевавме дека Тој е оној што ќе го избави Израилот” (7). Дека тие не биле под никаква сугестија и автосугестија се гледа од тоа што појавата на Христовото Воскресение ја сметаат за привидение, заради што бараат да го допрат (8).

Обично халуцинациите се јавуваат или кај сетилата за слух, или за вид или за допир. А, учениците Христови истовремено – и го гледаат Христа и разговараат со Него и го допираат.

И тоа често се случувало во текот на четириесетте денови, не само кај единаесетмината, туку и кај повеќе од 500 христијани (9).

Но, ако и за момент се дозволи оваа теорија, се знае дека халуцинациите траат извесно време, но откако луѓето ќе се вратат во нормалната состојба – тие ја согледуваат својата измама. Но, кај учениците Христови, тоа во никој поглед не е така. Тие се ревностни и бестрашни проповедници на воскреснатиот Христос, не само додека воскреснатиот Христос им се јавувал во текот на четириесетте денови по своето воскресение, туку такви остануваат до крајот на нивниот живот. И уште таа вера ја оставиле на своите ученици, а овие на нивните ученици и така по ред до денешен ден.

Вистинската и бесмртна вера можела да потекне и потекнува само од вистинскиот факт на Христовото воскресение.

Апостолите, а по нив и останатите христијани, не се плашеле и не се плашат од никаква смрт, затоа што се убедени во Христовото и во своето воскресение. Христос воскресна. Навистина воскресна.

Белешки:

  1. Мт.28,11-15; cп. Мт.27,64.
  2. Мт.27,62-66.
  3. Јн.20,19.
  4. Јн.19,31-34.
  5. 1.Петар.2,22.
  6. Халуцинација (лат. hallucinatio), привидение; психолошки: сетилна измама, претстава што ја сметаме за согледување, гледање на надворешни објекти и настани кои воопшто не постојат (последица на болна раздразнетост на централниот нервен систем); најчести се халуцинациите на сетилото за вид (визии) и сетилот за слух, а поретки – на сетилата за допир, мирис и вкус. – М. Вујаклија, стр. 1238.
  7. Лк.24,21.
  8. Лк.24,37-43; Јн.21,24-29.
  9. 1.Кор.15,6.

Св. Јустин Ћелијски, Проф. Велимир Хаџи-Арсић, „Тајне вере и живота”

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s