Ви предлагам извадоци од книгата: Михаил Дымов, „Дети пишyт Богy”:
- Здраво, Господи. Како оди работата? Како си? Како здравјето? //Жења, 2 одд.
- Господи, а Христос каде е сега, што прави Тој? //Стелла, 2 одд.
- Добро, Христос страдал заради луѓето, а заради што страдаат луѓето? //Гриша, 4 одд.
- Можеби, можам со нешто да ти помогнам? //Света, 2 одд.
- Господи, а Ти воопшто постоиш ли? //Александар, 2 одд.
- А јас всушност, постојам ли? //Љуба, 3 одд.
- Зошто се родив? //Марик, 3 одд.
- Зошто со мене никој не се дружи? //Антон, 4 одд.
- Кажи тајно, ме љуби ли некој? //Анзор, 3 одд.
- Зошто сите мои дела се лоши? //Јура, 2 одд.
- Зошто старееме? //Шурик, 3 одд.
- Зошто така ме влече да направам нешто лошо? Дали тоа Ти ме испитуваш? //Паша, 3 одд.
- Зошто лошо седам? //Андреј, 3 одд.
- Ти си добар, ама зошто мора луѓето да те молат: направи, испрати го тоа. //Наташа, 4 одд.
- Знаеш ли, колку е срамно да си сиромашен без причина? //Ираклиј, 4 одд.
- Ги гледаш ли сите луѓе? //Валентин, 2 одд.
- Што ми недостасува, за Ти да се гордееш со мене? //Аљоша, 4 одд.
- А сега Ти би го создал ли човекот по втор пат? //Олег, 3 одд.
- Господи, ајде да се дружиме? //Федја, 1 одд.
- Какви оценки би ми ставил за животот? //Аркадиј, 2 одд.
- Ах, Господи, но зошто јас сум така изградена? //Ала, 3 одд.
- Како да живеам, за сите на светот да бидат среќни? //Лиза, 2 одд.
- А што ако Тебе луѓето не те љубат, а се плашат? //Руслан, 2 одд.
- Кој Те научи така да се однесуваш со луѓето? //Тања, 3 одд.
- Зошто сум потребен на планетата Земја? //Олег, 2 одд.
- Кога ќе станам попаметен? //Борја, 3 одд.
- Како да се добожиме до тебе? //Јура, 2 одд.
- Јас се родив, погледнав, а светот веќе е толку зол, суров. //Андреј, 4 одд.
- Што не Ти се допаѓа во нашиот живот? //Славик, 2 одд.
- Можеби, Вам таму Ви е тажно? //Софа, 1 одд.
- Зошто си го направил човекот главен на Земјата? //Олег, 4 одд.
- А ако сите луѓе стигнат во рајот, ќе има ли место за сите? //Андреј, 3 одд.
- Зошто, кога некого ќе навредиш, се расипува расположението, а кога некому простуваш, станува радосно? //Ала, 3 одд.
- Зошто е потребен човекот? //Алик, 3 одд.
- А ние нели сме твои играчки? //Саша, 2 одд.
- Зошто човекот не се изведува од јајца? //Тима, 2 одд.
- Така значи, кој го создал човекот: трудот или Ти? //Рафик, 3 одд.
- Зошто многу луѓе се такви, несончеви? //Арина, 3 одд.
- Колку добро јас ќе го завршам својот живот? //Никита, 2 одд.
- На кој јазик говорат душите? //Раја, 4 одд.
- Зошто Ти казнуваш добри луѓе? //Федор, 4 одд.
- Зошто се родив неубав? //Катја, 4 одд.
- Колку верници има меѓу верниците? //Зоја, 4 одд.
- Зошто Ти се одврати од мене? //Ања, 3 одд.
- Многу ли Те посрамотувам? //Вова, 4 одд.
- Може ли да стигне детството за цел живот? //Марко, 1 одд.
- Покажи ме, Те молам, на целиот свет. //Алла, 2 одд.
- Покажи, колку ме љубиш Ти. //Ерна, 2 одд.
- Откриј нè нам. //Вова, 4 одд.
- Ајде да се договориме, Господи, јас ќе верувам во Тебе, а Ти – во мене. //Љаља, 2 одд.
- Јас напишав стихови. Тие се срамни. Јас никому не сум ги покажал, но Тебе, Боженце, ќе ти ги покажам. Еве ги: Возрасните плачат со солзи./ Возрасните плачат со очите./ Малите плачат со срце,/ Малите плачат со животот./ Но ако возрасниот плаче, како малечок,/ значи, тој и навистина плаче. //Марик, 4 одд.
- Човекот Ти здраво си го измислил, само во забите не си го доработил. Тоа е потребно, па 32 пати одам на лекар! //Васја, 2 одд.
- Ти посакувам сè најдобро во животот. //Степа, 1 одд.
- Цветовите Ти излегле подобро, отколку човекот. //Гаља, 4 одд.
- Господи, не ми се лути тогаш кога не се молам – јас целиот сум во љубовта. //Јаша, 4 одд.
- Те почитувам заради верата во човекот. //Игор, 3 одд.
- Па, и јас Тебе, исто така, многу Ти простувам. //Натан, 4 одд.
- Ние Те разбираме посветло, отколку возрасните. //Гарик, 2 одд.