Тие Го познаа во прекршувањето на лебот

Во првиот ден на седмицата, по Своето Воскресение, Исус сретнал двајца ученици на патот кон Емаус, но тие Него не Го познале. Учениците раскажале за сите настани што се случиле, и за тоа, како некои жени го нашле гробот празен и виделе ангели. Тогаш Исус им го објаснил «кажаното за Него во целото Писмо» (Лк.24:27), но учениците сè уште не можеле да разберат кој разговара со нив. Дури откако Toj «зеде леб, го благослови, прекрши и им даде» (Лк.24:30), учениците го познаа Господа. Кога се вратиле во Ерусалим, тие им раскажале на единаесетте, «како Го познаа во прекршувањето на лебот» (24:35). Лука, еден од евангелистите, многу подробно го опишува тој настан. Тие подробности многу ни говорат за животот на Апостолската Црква.

Како прво, јасно е дека оваа епизода укажува на Евхаристијата. Деjствата на Исус над лебот (земањето, благословувањето, прекршувањето, раздавањето) се непосредно повторување на Неговите деjства на Таjната вечера. Оние кон кои беше упатено Евангелието, навикнале да ја извршуваат Господовата Трпеза и можеле веднаш да ја познаат, како и учениците на патот во Емаус. Ние, денешните читатели на Евангелието, не сме присуствувале на Таjната вечера, но сепак, подеднакво го спознаваме Господа во прекршувањето на лебот.

Евхаристиската смисла на овој извадок го истакнува и тоа, дека опишаната средба се случила во «првиот ден на неделата/седмицата». Црквата уште од самиот почеток се собирала во тој ден за прекршување на леб. Евангелијата биле напишани за Црквата која во текот на 30-40 години во првиот ден на секоја недела ја извршувала Евхаристијата како исполнување на Господовата заповед: «Ова творете го за Мое споменување». Сосема природно е тоа што евангелскиот расказ ја одразува практиката на раната Црква.

Третиот момент во разбирањето на овој извадок, можеби, е најважен. По Воскресението Исус престојувал на земјата кратко време — до Вознесувањето. Во текот на четириесетте денови Toj веќе не се јавувал ниту на учениците, ниту на некој друг. Но, сепак, во Светиот Дух Toj останува со Црквата — во прекршувањето на лебот. Главната смисла на овој евангелски извадок, значи, е во тоа; ако Го познаеме присуството на Господа во Евхаристијата, веќе нема да имаме потреба од Неговите надприродни јавувања. И до самото Второ Доаѓање на Христа во слава, ние ќе бидеме уверени дека Toj престојува со нас, кога ги вкусуваме Неговото Тело и Неговата Крв.

Значи, не случаjно Евхаристијата секогаш била центар на животот, како на Црквата —Христовото Тело, така и на секој христијанин — член на тоа Тело. Навистина, ние Го (с)познаваме Него во прекршувањето на лебот.

Статија од OED Book / Oct. 7, 2000. Павел Меjендорф — професор по литургиско богословие на Свето-Владимирската духовна семинарија, син на познатиот богослов и патролог протопрезвитер Јован Меjендорф.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s