Дали е ОК да се верува и во Бога и во вонземјани?

Главниот астроном на Ватикан, Габриел Фјунес, соопшти дека остава можност да има живи, разумни суштества и на други планети. Според него, потрагата по вонземен живот не противречи на верата во Бога. Фјунес не исклучува, некои вонземјани, се разбира – ако постојат, да се слободни од првородниот грев.

Од православна страна реагираше професорот на Московската духовна академија, Алексеј Осипов, кој во своето интервју за Интерфакс, изјави: „Од гледна точка на православното богословие, нема основа да се зборува за можност за постоење на вонземни цивилизации кои имаат разум и создаваат нешто.”

Својот став тој го засновува; прво на тоа, дека во Новиот Завет не се спомнува за вонземни форми на разумен живот. „Второ, во Црквата имало многу луѓе кои постигнале највисок степен на богоподобие и светост и ниту еден од нив никогаш не говорел за тоа, макар што говореле за многу други нешта” – вели Осипов.

Тезите „за” и „против” постоењето на вонземјани, како споредни за спасението на човекот, не се посебно разгледувани од светите отци на Црквата. Теоретизирањето во стилот „што би било, кога би било” не е својствено за целисходноста на христијанското благовестие. Токму колку што е потребно да се претпазат верните од измамата на „сатаната кој (може да) се преправа во ангел на светлината” (2 Кор. 11,14), отците на Црквата предупредуват (види: о.А.Јанг, НЛО – напад који разара) да не се впуштаме во никакви авантуристички средби од трет вид, како што тоа невнимателно го прави језуитскиот свештеник: „The extraterrestrial is my brother.”

Во претпоставките на римокатоличкиот свештеник е забележително и тесното разбирање на прародителскиот грев. Првиот грев на човекот не ја повреди само човековата природа. Преку Адам гревот влезе во целиот космос и како квалитетна пропадливост се протега врз целото Божјо создание, врз целиот космос со сите свои можни и неможни жители. Господ Исус Христос пак, со Своето спасително дело го откупи и обнови – не само човековиот род, туку го освети и го пресоздаде и космосот. Во тоа, впрочем, е и значењето на Христовото Воскресение:

Седьмый день днесь освятил еси, егоже древле благословил еси упокоением дел: преводиши бо всяческая и обновляеши, субботствуя Спасе мой, и назидая.

Да Твоея славы вся исполниши, сшел еси в нижняя земли: от Тебе бо не скрыся состав мой, иже во Адаме, и погребен, истлевша мя обновляеши, Человеколюбче.

2 thoughts on “Дали е ОК да се верува и во Бога и во вонземјани?

  1. Zarem Bog ne bi bil apsolutno Seopfaten i Velik dokolku ne bi nasol nacin da gi sredi rabotite so nekakvi eventualni poinakvi sustestva od nas, nekade daleku? Bidejki Toj i niv bi im bil Tvorec, i niv bi im bil Tatko. Mozebi gi sozdal od podrugi pricini otkolku nas. Koi sme nie da gi sogledame Negovite tajni?
    Zarem ne treba da ja ostavime taa vrata podotvorena so mislata: Toj e tvorec na se!

  2. Теоретски не можеме да одрекуваме дека таму некаде, во длабочините на космосот, има интелегентен живот.
    Но, во евангелието се напомнува дека космосот не останал незасегнат од гревопадот што се случил на нашава планета; „διὰ του̃το ὥσπερ δι’ ἑνòς ἀνθρώπου ἡ ἁμαρτία εἰς τòν κόσμον εἰση̃λθεν καὶ διὰ τη̃ς ἁμαρτίας ὁ θάνατος καὶ οὕτως εἰς πάντας ἀνθρώπους ὁ θάνατος διη̃λθεν ἐφ’ ὡ̨̃ πάντες ἥμαρτον (сего ради якоже единем человекомъ грех в мир вниде и грехом смерть, и тако смерть во вся человеки вниде, в немже вси согрешиша)” (Рим. 5:12). Така што, во најмала рака, опасни се претпоставките дека „вонземјаните” можат да бидат слободни од првородниот грев, што би значело и дека се лишени од зло. Језуитот Габриел Фјунес како да сака да ја отфрлиме токму онаа добра недоверливост, Ватикан сака да се подготвиме и орасположиме за средба со добри (без грев) вселенски браќа. Барем за „безгрешните”, независно дали се земни или вонземни, имаме јасна порака од св. апостол Јован: „Ако речеме дека не сме згрешиле, Него Го правиме лажец, и Неговото слово не е во нас” (1 Јован. 1.10).

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s