Четврта Недела по Пасха – на Раслабениот

Настaпи четвртата Недела по Воскресение, наречена Недела на раслаблениот. Тој е еден парализиран човек, којшто е излекуван од Исус Христос (Јн. 5 гл.).

Во светиот град Ерусалим, до Овчите порти, се наоѓа бањата наречена Витезда – на еврејски јазик Beth Khesed (преведено: дом на благодатта /милосрдието/). Според повеќе научници првичното еврејско име е: Bethesdathain – од beth (дом) и eshed (водопад, гејзер), што е двојна форма и поточно го одразува видот на бањата. Витезда е спомната и во свитокот од Кумран (11:12), кадешто е наречена Beth Eshdathain (дом на двојниот басен). На арамејски јазик е Bethesda, а на грчки името се изменува со метатеза и станува Bezetha (кај Јосиф Флавиј) и Bezatha (кај Евсевиј Кесариски). Витезда е откопана од археолозите северно од храмовиот рид и непосредно до црквата „Св. Ана”. Св. Јован пишува за една бања, но всушност басенот е разделен на два дела и е заобиколен од четири колонади, а од страна има уште една. Во водата се слегува по широки скали, издлабени во крапата. Тоа не е обична болница или минерална бања. Околу басенот лежат секакви болни – слепи, глувонеми, инвалиди, парализирани. Водата на Витезда нема постојани лековити својства, таа е лековита само одвреме-навреме; наеднаш се раздвижува, се запенува и разбранува. Всуштност, во тој момент на неа невидливо слегува ангел. Се исцелува само еден човек, којшто успева прв да влезе во водата. Другите остануваат со матна надеж, дека можеби ќе успеат следниот пат.

Во самракот на нечистата и замирисана бања Витезда, кадешто стенкаат болните напуштени од сите, еден ден блеснува божествената светлина. Таму не слегува ангел, туку влегува самит Господ Исус. Тој го запира погледот врз парализираниот што цели 38 години чека да оздрави. Христос го прашува него: „Сакаш ли да оздравиш?” Прашањето изгледа безсмислено и непотребно, но на тој начин Спасителот сака да ја испита неговата вера. Болниот, измачен, објаснува дека нема близок кој би го спуштил во бањата. Тогаш Богочовекот му вели: „Земи го својот одар и оди!” Исушеното, згрчено тело на парализираниот, наеднаш се исполнува со нови сили. Тој станува на нозе, го зграбува својот одар и Му благодари на Бога за своето исцелување.

Луѓето што биле насобрани во Витезда приличат на целиот свет комушто сè повеќе му е потребен Христос и којшто очекува благодат и чудо од Него. Проблемот е што нашиот свет до вискок степен ја изгубил својата волја – да ја спознае и надмине својата гревовност. Тој сака да ја надмине болеста, но не сака да ја отфрли причината за неа. Нашиот свет е населен од слепци што не можат да разликуваат добро од зло; инвалиди што не можат да одат по тесниот и трнлив пат кон Бога; парализирани што одамна отрпнале од гревот.

Силен впечаток прави трпението со кое разслаблениот – во текот на 38 години – ја очекува Божјата милост. Тој не го обвинува небото, не го проколнува – како жената на Јов – денот на своето раѓане, не паѓа во очајание, какошто правиме ние и во многу помали искушенија. Болниот со вера го очекува божествениот Лекар, Којшто не задоцнува да се јави – ниту порано, нито подоцна од неопходното. Бог не ни дава да носиме тежина над нашите сили.

Денот во којшто е извршено ова прекрасно чудо, е Сабота – светиот ден на јудеите, во којшто е забрането да се врши што било, дури и да се излегува од градот. Евреите го обвинуваат бившиот парализиран дека со тоа што оди со својот одар, имено, прави „грев”, а тој се оправдува, дека Исус му заповедал.

Меѓутоа, бившиот болен оди кај јудејските првенци и го (пот)кажува Оној што го излекувал. Таа, донекаде подла постапка, не останува непозната на Спасителот. Тој го сретнува бившиот болен во толпата во Ерусалимскиот храм и категорично го предупредува: Ете, ти оздраве; не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо” (Јн. 5:14). Христовите зборови изразуваат една длабока вистина – нашите телесни страдања често ни се испраќаат одгоре за исцелување на нашите душевни болести. Како што пишува блажен Теофилакт Охридски: „Тукашните страдања се вразумувања, а тамошните – казни.”

Болестите се резултат од разрушителното дејство на гревот врз духовната и телесната човечка природа. Во принцип, здравјето ја подразбира полнотата на животните сили. Кога човекот ја злоупотребува слободата на својата волја и ги нарушува Божјите заповеди, човекот се одделува од единствениот извор на животот – од Бога. Неизбежна последица од тоа е паѓањето во состојба на слабост и немоќ. Човекот што се отуѓува од Бога, неизбежно се доближува до ѓаволот. Во Библијата и во животот наидуваме на безброј примери за погубното дејство на демоните врз здравјето на луѓето. Затоа преподобна Синклитикија вели: „Ѓаволот има најразлични остри оружја. Кога не може да ја победи душата со сиромаштија – дава богатство, за да ја измами. Ако не ја победи со навреди и понижувања, ја опсипува со пофалби и слава. Кога [ѓаволот] е победен од здравјето на човекот, го поразува неговото тело со болести…, за да ја помрачи во мрзливите љубовта кон Бога” (Древен патерик, 7:23). //извор: pravoslavie.bg//

„…Во текот на неделата, која почнува со денешното евангелско читање, да се прашаме; во што е мојата немоќ? Од што сум парализиран? Кој дел од душата ми е умртвен? Како влегла таа парализа, таа вкочанетост во мојата душа? – и да се отстраниме од тоа со Христовата помош, со помош на љубовта од луѓето што нè љубат, откако ќе ги собереме сите свои сили. Но, и да се прашаме: Кому околу мене му е потребна мојата помош, за која јас мечтаам, без која не можам да живеам?… И не очекувајќи ништо, не очекувајќи јас да оживеам – ќе се обидам на другиот да му ја укажам таа помош, што ќе му помогне да оживее. Амин” Митрополит Антониј (Блум)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s