Толкување на Символот на Верата (член 3)

  • Кој заради нас луѓето и (заради) нашето спасение слезе од небото, и се воплоти од Духот Свети и Марија Дева, и се вочовечи.

Додека вториот член од Символот на верата говори за Синот и Неговата онтолошка и предвечна врска со Отецот, во третиот член се зборува за Неговото Воплотување. Новозаветното откровение свечено прогласува, дека Мессијата што бил очекуван од Израилот (богоизбраниот народ) – е воплотеното Божјо Слово и Тој истовремено е и завршување и надминување на Стариот Завет. Пророците јасно предвозвестиле дека ќе настапи нова ера со доаѓањето на Мессијата, то ест на Пратеникот на Севишниот. Дури изгледот на тој Мессија тие јасно го определиле: така, во книгата на пророк Исаија е опишан изгледот на понижениот и нажален Слуга (Ис. 53). Од друга страна, еврејското богомислие , останувајќи верно на строгиот монотеизам, провидело некакаква персонализација на Божествената Премудрост (Изреки. 8-9; Проп. 1 и 24), но никогаш не ја зближило личноста на Мессијата Ослободител со воипостазираната /оличностнетата/ Божествена Премудрост. Освен тоа, во последните векови пред Христа, меѓу евреите се развил екзалтиран национализам со примеси на ксенофобија, кој го затемнил древнопророчкото универзално видување на Мессијата.

За многумина очекуваниот Мессија бил Оној што ќе ја восстанови еврејската држава. Дури апостолите, сè до Света Педесетница (до Слегувањето на Светиот Дух), не можеле да се ослободат од таквите претстави (Дела. 1, 6).

Третиот член од Символот на верата – е одглас на евангелското тврдење: „И Словото плот стана и се всели среде нас” (Јн. 1, 14). Црквата секогаш со особена сила го заштитувала учењето за Воплотувањето од оние што ја порекнувале или искривувале таа вистина што ја засновува увереноста во нашето спасение. При разгледувањето на претходниот член од Символот, истакнавме колку ревностно Црквата возвестувала за Исус Христос како за вистински Бог и вистински Човек. Православието водело жестока борба против докетите кои во својот мистички дуализам ја одрекувале реалноста на Воплотувањето. Имено, тие еретици и ги има предвид во своето прво Послание свети Јован Богослов, кога пишува: „Духот Божји познавајте го така: секој дух што Го исповеда Исуса Христа Кој дојде во плот, од Бога е. А секој дух што не Го исповеда Исуса Христа Кој дојде во плот, не е од Бога, туку тоа е дух на антихристот” (1 Јн. 4, 2-3). Бо своето второ Послание тој, исто така, пишува: „Во светот влегоа многу измамници кои не Го исповедаат Исус Христос Кој дојде во плот: таквиот човек е измамник и антихрист” (2 Јн. 7, 8). Со самото тоа Светото Писмо нè претпазува не само од ереста на докетите, туку и од секој псевдоспиритуализам кој не го поставува во центарот на своето учење Исус Христос – воплотеното Божјо Слово.

Воплотувањето е настан кој нема рамен на себе во историјата на спасението. Тоа е настанот што во корен ја преобрази историјата, бидејќи со Воплотувањето на Словото односите меѓу Бога и човекот сосема се изменија. Во христијанското учење, „времето” се разбира линеарно, а не циклично, то ест времето има почеток што е означен со создавањето на светот, и крај кој ќе биде означен со последниот Суд. Таа (полу)права на едно место е прекината од Воплотувањето. Апостолите и христијаните од првите векови, несомнено, ја разбирале решителната смисла на Воплотувањето, во кое тие вистинито го гледале почетокот на есхатологиската ера која е предвозвестена од пророците (види: Дела. 2, 14-36, Јоил 3, 1, 5). Свети Иринеј Лионски, голем учител и сведок на Преданието од крајот на II век, ерата што настапи со Воплотувањето ја нарекува “novissima tempora” = најнови времиња, то ест последни времиња (Против ересите, 3. 24, 1).

Очигледна е простота на терминологијата на Символот на верата и збиеноста на догматските разјаснувања. Овде треба да се помни за она што беше кажано во коментарите на претходниот член од Символот за свесното откажување од секакво рационалистичко (умозрителного) богословење.

За причината на Воплотувањето кратко е кажано вака: „заради нас луѓето и (заради) нашето спасење.” За безполезното и празно размислување за тоа; дали ќе се извршело Воплотувањето и Откупувањето, ако не се случил првородниот грев – во правилото на верата нема места. Од друга страна, формуцијата на овој член од Символот на верата е во согласност со јасните зборови на Писмото – „зашто, тоа е добро и угодно на Спасителот нашиот Бог, Кој сака , сите луѓе да се спаасат и да стигнат до познание на вистината” (1 Тим. 2, 3-4) – и ја претпоставува сеопштоста на спасението, дадено на човештвото. Нема потреба да се додава дека изазот од Символот „заради нас луѓето…” се однесува не само на овој член, туку и на сите следни, каде што се говори за домостроителството (икономијата) на воплотеното Слово.

Зборовите „слезе од небото”, секако, немаат значење на нешто грубо материјално: тие укажуваат на безграничното Божествено снисходење при Воплотувањето и ја истакнуваат сета реалност на овој настан, чија таинствена величина толку вистинито и прекрасно се изразува во догматското писмо од Свети Софрониј (VII в.): „Се воплоти Тој Кој е бесплотен; прима наш образ Тој Кој според својата Божествена Суштина нема надворешен или видлив изглед, зема тело, како нашето, Тој Кој е бестелесен; станува навистина Човек, непрестајно престојувајќи со Бога; Го гледаат во утробата на Неговата Мајка, Оној што престојува во прегратката на Превечниот Отец; Тој, вонвременскиот, добива почеток во времето – сето тоа не според Своја произволност, туку навиостина и вистинито понижувајќи се Себеси целосно, според волјата на Отецот и (според) Својата волја; тој ја прими на Себе целата наша човечка природа, зеде плот – едносуштна на нашата плот, разумна душа – како нашата душа, ум – како нашиот ум, зашто тоа е составот на човекот” (Догматско писмо. PO, I.87, col.3160 и 3161). Да забележиме дека треба правилно да се толкува зборот „понижи” (којшто е позајмен од апостолот Павле) (Филип. 2, 7), бидејќи при Воплотувањето Христос не ја соблече Својата Божествена природа, туку (ја остави) славата што ја имал пред Своето земно постоење, и Која тој само еднаш ја јавил при Преображението. Воплотувањето на Словото не повлекло со себе никакво измененување на едната Божествена Природа. Таа вистина на верата е изразена во Lex orandi на Црквата. Така, во една од литургиските молитви на Свети Јован Златоуст, читаме: „Но заради Твоето неизречено и безмерно човекољубие, непроменето и неизменливо стана човек, и архиереј наш беше”.

Црквата исповеда дека нашиот Господ „се воплоти од Духот Свет и Марија Дева” и тоа е соодветно на она за што подробно говори Евангелието (Мт. 1, 18-25; Лк. 1, 26-38). Спомнувањето на Пречиста Дева Марија ја истакнува сета реалност на човекот во нашиот Спасител, Мессијата од родот Давидов, за Кој возвестувал Стариот Завет. Воплотувањето се извршило не само според предвечниот совет на Пресвета Троица (1 Петар. 1, 17- 20), туку исто така и според согласноста на Пресвета Дева (Лк. 1, 38). Во таа доверлива послушност кон Божјото слово, црковното Предание гледа одговор на непослушноста на Ева. Свети Јустин во првата половина на II век, пишува: „Ние разбираме дека Христос стана човек преку Дева, за непослушноста со наговорањето од змијата да заврши така, како што и започнало. Навистина, Ева – девствената и непорочната, послушувајќи ги зборовите на змијата, ги породила непослушноста и смртта; Дева Марија, познавајќи ги верата и радоста, кога во благовестиењето од архангел Гавриил го дознала, дека Духот Господов ќе слезе на Неа и силата на Севишниот ќе ја осени, така што Светото – Родено од Неа, ќе се нарече Син Божји, одговорила: „Нека ми биде според твојот збор.” И така, тој се родил од Неа, Тој, за Кого толку говори Писмото… Преку Него Бог го уништува царството на змијата и нејзините ангели или луѓето кои нему му се уподобиле (станале слични со него) и ги избавува од смртта оние што се кајат за своите гревови и веруваат во Него” (PO, I.6, col.712). Овој (свет) отец – толку близок на поколението на апостолите, со голема догматска точност ги открива пред нас основите на кои се ѕида христијанското почитување на Пресвета Дева Марија. Преку Воплотувањето Христос, според својата човечка природа, станува во сè подобен/сличен со нас, освен во гревот (Евр. 2, 17; Рим. 8, 3; Филип. 2, 7).

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s