Свeтител Николаj, архиепископ нa Мирa Ликиjскa, Чудотворец (пренесување на моштите од Мира Ликијска во Бари)

Во XI век византиската империja преживувала тешко време. Турците ги опустошувале нејзините територии во Мала Азија, разурнувале градови и села, ги убивaле нивните жители, а тие жестокости биле проследени со осквернување на светите храмови, мошти, икони и книги. Муслиманите се обиделе да ги уништат и моштите на светителот Николаj, кој е длабоко почитуван во целиот христијански свет.

Во 792 г. калифот Арон Ал-Рашид го испратил началникот на флота Хумеид, да го ограби островот Родос. Отако го опустошил островот, Хумеид тргнал кон Мира Ликиjска со намера да ја разурне гробницата на светителот Николаj. Но, наместо неа тој осквернил друга, што била покрај гробницата на Светителот. Набргу откако осквернителите успеале тоа да го направат, на морето се кренала страшна бура и речиси сите садови биле искршени.

Осквернувањето на светињите ги вознемирило не само источните, туку и западните христијани. Особено се загрижиле за моштите на светителот Николаj христијаните во Италија. Жителите на градот Бари (расположен на брегот на Јадранското море), решиле да ги спасат моштите на светителот Николаj.

Во 1087 г. бариските и венецијанските трговци тргнале во Антиохија за трговија. И тие и другите сакале на враќање да ги земат моштите на светителот Николаj и да ги пренесат во Италија. Со таа намера жителите на Бари ги престигнале венецијанците и први стигнале во Мира. Биле испратени два човека, кои, кога се вратиле, соопштиле дека во градот е тивко, а во црквата каде што почива најголемата светињa, сретнале само четири монаси. Тогаш 47 луѓе се вооружиле и отишле во храмот на светителот Николаj. Монасите – во ништо не сомневајќи се, им го покажале местото под кое била скриена гробницата на светиот, каде, по обичај, ги помазувале туѓинците со миро од моштите на светителот. Монахот притоа раскажал за вечерашното jaвување на светителот Николаj на некој старец. Во тоа видение Светителот заповедал повнимателно да се чуваат неговите мошти. Тоа ги воодушевило баријците; тие во тоа виделе наклоност кон себе и совет од Светиот. За да ги олеснат своите деjствa, им ги откриле на монасите своите намери и им понудиле откуп за – 300 златни монети. Стражарите ги одбиле парите и сакале да ги известат жителите за несреќата што ги загрозувала. Но, дојденците ги врзале и на вратата поставиле свои стражари. Тие пак, со кршење ја отвориле гробницата со моштите. Во тоа дело особено се истакнало момчето Матеj, кој сакал што побргу да дојде до моштите на Светителот. Во нетрпение, тој го скршил поклопецот и баријците виделе дека саркофагот е исполнет со благомирис од свето миро. Баријците, презвитерите Луп и Дрого, направиле литија, по коjа истиот оној Матеj почнал да ги извлекува моштите на Светителот од исполнетиот со миро саркофаг. Тоа се случило на 20 април 1087 г.

Бидејќи немале ковчег, презвитерот Дрого ги завиткал моштите во горната одежда и придружен од баријците ги пренел на коработ. Ослободените монаси му ја кажале на градот тажната вест за туѓинците што ги грабнале моштите на Чудотворецот. Толпа народ се собрале на брегот, но било предоцна…

На 8 маj коработ пристигнал во Бари и наскоро радоснатa вест се разнела низ целиот град. Следниот ден, на 9 маj, моштите на светителот Николаj торжествено биле пренесени во црквата „свети Стефан”, во близина на морето. Свеченоста на пренесувањето на светињите било проследено со многубрројни чудотворни исцелувања на болни, што предизвикувало уште поголема побожна почит кон големиот Божји угодник. За една година била изградена црква посветена на светителот Николаj и осветена од папата Урбан II.

Настанот, сврзан со пренесувањето на моштите на светителот Николаj, предизвикал особено почитување кон Чудотворецот и бил установен посебен празник на 9/22 маj. Празникот на пренесувањето на моштите на светителот Николаj прво го празнувале само жителите на италиjaнскиот град Бари. Во другите земји на Христијанскиот Исток и Запад тој не бил прифатен, иако пренесувањето на моштите било широко познато. Тоа се обjaснува со обичајот од средновековието – да се празнуваат превосходно местните светињи. Освен тоа, Грчкатa Црква не установила празнување на овој спомен, бидејќи губењето на моштите на Светителот за неа било тажен настан. //извор: pravoslavie.ru//

На овој ден уште се споменува и чудото извршено над српскиот крал Стефан Дечански, т.е. како Свети Николај му го врати видот на слепиот крал Стефан:

„…И на Овчем Полѣ свети Никола очи ѣму дарова въ црьквi…”

Српскиот крал Милутин наредил да му ги извадат двете очи на неговиот син Стефан, кој бил наклеветан за наводно подготвување заговор. При ослепувањето, во манастирот на Свети Николај Чудотворец во Овче Поле (околината на Свети Николе), свети Николај, архиепископот Мирликиски, му се јавил на Стефан Дечански и му рекол: „Стефане, не плаши се; еве ги твоите очи на мојата дланка. Своевремено, јас ќе ти ги вратам.” По пет години, време кое светиот маченик Стефан Дечански го поминал затворен во Цариград, таму повторно му се јавил свети Николај: „Дојдов да го исполнам ветувањето.„ Потоа со крстниот знак го прекрстил и му рекол: „Господ наш Исус Христос, кој на слепородениот му даде вид, им го дарува и на твоите очи првичниот вид.” Како благодарност кон Бога, тој го изградил храмот Високи Дечани, една од најубавите градби на средновековната византиска уметност и архитектура.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s