Ставот на светите Кирил и Методиј во однос на црковните спорови во IX век

Во втората половина на IХ-иот век односите меѓу Римската и Ви­зантиската Црква имале, за за жал, не мирен, туку по­лемички карактер. Притоа, треба да се обрати внимание на тоа, дека раздорот се продлабочувал повеќе меѓу личности, отколку меѓу Црквите.

Папата Николај I во април 863 г. на Соборот на Италијските еписко­пи, го осудил и отфрлил Фотиј, а се изјаснил дека како законит константинополски патријарх го признава Игнатиј.

Константинополскиот Патријарх Фотиј свикува Собор, кој најверојатно e одржaн летото 867 г. (бидејќи во септември истата година на императорскиот дворец се случил преврат: василевсот Михаил III е убиен и го заменува Василиј I Македонец). На тој Собор бил осуден и предаден на анатема папата Николај I. Актите за тоа биле испратени во Рим.

Светите браќа пристигнале во Рим кон крајот на 867 година. Не го затекнале жив папата Николај I, кој се упокоил во екот на полемиката со Фотиј, а при взаемно одлачување/изопштување од Црквата. Константин ги предал моштите на св. Климент Римски на штотуку ракоположениот папа Адриан II. Затоа пак, овој папа ги примил Константин и Методиј со почит, многу свечено, и се погрижил за богослужбата на словенски јазик; заповедал да се положат словенските книги во еден од римските храмови и над нив да се изврши богослужба. Папата го ракоположил Методиј во чин свештеник, а неговите ученици, (меѓу кои биле светите Климент и Наум) за свештеници и ѓакони. Со писмо до кнезовите Растислав и Коцел ги озаконува словенскиот превод на Светото Писмо и богослужбите на словенски јазик.

Светите браќа во Рим поминале речиси две години. Една од причините е влошувањето на здравјето на Константин. Во почетокот на 869 г. тој примил схима и ново монашко име Кирил, а на 14 февруари се упокоил. По заповед на папата Адриан II, Кирил бил погребен во Рим, во храмот Св. Климент. По смртта на Кирил, папата Адриан го ракоположил Методиј во чин архиепископ на Моравија и Панонија.

Свети Кирил и свети Методиј, иако излегле од Константинополската Црква во времето кога Фотиј бил во борба со папата Николај, сепак, не зеле никакво учество во неа. Кога таа борба најмногу се заострила 866/867 г., кога Фотиј свикува „Вселенски” Собор и го анатемисува папата, светите Методиј и Кирил, гонети од германскиот клир, бараат заштита кај папата, патуваат во Рим, му ги предаваат на папата како дар моштите на свети Климент Римски и остануваат подолго време во Рим.

Или светите Методиј и Кирил ништо не слушнале за борбата на Фотиј со папата Николај I – но, тоа не е можно! – или, во време кога сè уште немало раскол во верата, на таа борба тие не ипридавале преголемо значење, проценувајќи ја како – во значителна мерка – лична.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s