По повод 555-годишницата од падот на Константинопол, кој се случил на денешен ден (29 мај) 1453 г., интернет-порталот Православие.ru започнува регуларна публикација на научни и публицистички материјали за Византија.
Тие материјали ќе се поставуваат на новиот сајт Vizantia.Info – «Византиската лекција», каде што читателите ќе можат да се запознаат со широк круг прашања поврзани со византиската црковна и светска историја, државност, богословие, уметност и право.
Пред вниманието на посетителите на сајтот ќе бидат предложени монографии, статии и лекции по византинистика, материјали од печатот, фотогалерии, media-фајлови. На сајтот Vizantia.Info исто така ќе биде претставен филмот «Гибель империи. Византийский урок» со сценариото на руски, англиски, грчки, србски, италијански јазик, со научни коментари, статии, рецензии, полемички материјали, поврзани со филмот кој предизвика огромен интерес во светот.
The text of the film “The fall of an empire — the Lesson of Byzantium”