Синаксар на Неделата на слепиот

Стихови: Давателу на Светлина, Светлина си од Светлината,// На слепиот од раѓање, Слово, очи му даваш.

Во овој ден, во Неделата шеста по Пасха, на слепородениот, го празнуваме чудото на Господа Бог и Спасител наш Исус Христос, зашто и тоа со вода го изврши, (како и она за самарјанката и за разслабениот). Беше тоа вака: Христос разговараше со јудеите, и Себе рамен на Отецот се покажуваше: „И пред Авраам да биде, Јас сум” – вели, а тие камења фрлаат по него. Тој пак, кога замина оттаму, го наоѓа слепиот кој се спрепнуваше, кој беше така роден, а имаше само вдлабнатини наместо очи. Кога Спасителот го најде ваков, Него учениците го прашуваат, бидејќи слушнаа за разслабениот: „Еве, оздраве, веќе не греши”, и дека гревот на родителите е врз децата: „Учителу, кој грешел, овој ли, или неговите родители, да се роди слеп?” Според некое епикурејско мислење, душите имале предпостоење, и кога згрешиле без тело биле симнувани во телата. Сето тоа отфрлајќи го, Христос рече: „Не заради тие (нешта), туку за да се јават делата на Бога, односно Моите.” И откако тоа го рече, Христос плукна на земја, направи кал и му ги помаза очните места, и му заповеда да оди да се измие на Силоамскиот извор, за да покаже дека Тоj во почетокот зел земја и го создал човекот. И бидејќи окото е најгосподствено од сите во телото, него го создава од непостоење, покажувајќи дека и на душевната сила движење Тој и‘дава. Не го помаза со вода, туку со плунка. И да се дознае дека секое добро од плунка настана, на Силоам посака да го испрати. Да се измие му наредува, да не помисли некој дека со тамошната земја и кал некој му дал исцелување. Го испраќа на Силоам, за многумина да слушнат за исцелувањето, зашто многумина сретна одејќи со помазани со кал очи. Некои велат, дека и откако се измил, не ја оттргнал калта и плунката, туку таа кал навлажнета се преобразувала, односно станувала очи. Силоам пак, значи: испратен. Таа бања надвор од градот Ерусалим беше. За вереме на Језекија, за војниците што го обиколиле градот и Силоам го зазеле, запираше водата таму: кладенци ископаа внатре, за да имаат вода. И ако некој беше испратен таму со заповед од пророкот Исаија, водата повторно извираше и нацрпуваше: ако пак некој од војниците сакаше да нацрпи, запираа водните извори. Значи, за да покаже и Христос, дека и Самиот е од Бога, затоа слепиот таму го испраќа, и светлината веднаш последува. Некои пак, мислат дека, Силоам се нарекува испратен, заради овој слепец кого Христос го испрати. Добива очи значи, слепиот, откако се изми, од некоја неискажана сила. Тајната не ја дозна ниту тој страдалник. Соседите пак, негови, кога го видоа дека прогледал, се сомневаа. Тој пак, рече дека дотогаш бил слеп, и запрашан за причинителот на прогледувањето, на Христа укажа како на Исцелител на страдањата. Фарисеите пак, кога слушнаа за ова преславно знамение, повторно Спасителот го хулеа, дека саботата не ја запазува. Оти, во сабота, како што посака, го исцели слепиот. Расправија настана меѓу нив; едни велеа дека Исус е од Бога, заради чудата што се случуваа: други пак, дека не е од Бога, зашто саботата не ја пази. Оние што имаа добро мислење за Него, го прашуваат слепиот: „Ти што велиш за Него?” Тој за пророк Го исповеда, како најчесен од прорците. Тие повторно не веруваат дека на слепиот Христос исцелување му подари. Па и неговите родители ги повикуваат, на соседите не верувајќи им, зашто и тоа да го прикријат сакаат. Но, уште појавно го прават, на родителите сè раскажувајќи им, а тие пак плашејќи се дека ќе бидат исфрлени од собранието, на полнолетството на синот упатуваат. Но, и повторно на слепиот му велат: „Дај му слава на Бога, зашто од Него е исцелувањето, а не од Христа, зашто е грешен, заради нарушувањето на саботата.” Тој пак, сакаше да покаже дека делото е од Бога: „Не знам – вели – знам само дека бев слеп, а од Него прогледав.” Пак му рекоа: „Како ти ги отвори очите?” Тој пак изморен, не одговора подробно, туку вели, ако не би бил од Бога, не би го направил ова знамение. И прв беше малтретиран од нив, зашто призна и дека е Негов ученик, и затоа што рече: никој не отврил очи на слеп роден. На слепи и други очи им отворија, но на роден слеп – никој. Тие го навредуваа и далеку од синагогата го изгонија. По сето тоа, Исус го наоѓа и му вели: „Ти веруваш ли во Синот Божји?” Тој пак, дознавајќи кој е Тој што со него зборува, и виден од него, зашто не Го познаваше порано кога беше слеп, Му се поклони, и ученик Негов стана, добротворството проповедајќи го.

Би се рекло и ова во преносна смисла: Христос како капка слезе на земјата и се воплоти од Света Дева. Исто така и Божественото Крштение ни го предаде, кое што е Силоам. Потоа христијаните од паганските народи за Христа на сè се осмелуваат, и гонети и сведочат и на крајот од Него стануваат прославени. Со неискажаната милост Твоја, Светлодавателу Христе Боже наш, помилуваj и спаси нè. Амин.

Извор: Неделя шестая по Пасце, о слепом

2 thoughts on “Синаксар на Неделата на слепиот

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s